НАЈНОВА МЕТОДА ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Дочекајте ја Новата Година во топ форма!

Ако сакате конечно со успех да се изборите со вишокот килограми, наместо броење на калориите попаметно е да внимавате на времето и да гледате на часовник ­ покажува новото истражување на американскиот институт Салк.Според оваа студија се дебелееме затоа што јадеме доцна во ноќта, наместо да му овозможиме на телото да ги согори калориите тоа ги складира мрснотиите.
“Ограничете го јадењето на 12 часа дневно, после треба да се гладува исто толкав период, а тоа може да ни помогне во борбата против зголемениот холестерол, дијабетис или дебелеењето”, вели професорот Сачиданда Панда од институтот Салк.
Во истражувањето кое го спровел неговиот тим испитаници биле глувци, но доктор Панда верува дека наодите можат да се применат и на човековиот вид.
На едната група на глувци храната и е ограничена на 12 часа, а јадењата се калорични, додека другите имале на располагање само диетални јадења, но можеле да јадат кога ќе посакаат.
Веќе за неколку дена првите изгубиле 5 проценти од тежината, а на крајот на 38 неделното истражување биле 25 проценти полесни од глувците со 24­ часовен пристап до храна. Според оваа студија се дебелееме затоа што јадеме доцна во ноќта, наместо да му овозможиме на телото да ги согори калориите тоа ги складира мрсноти

Пронајдете не на следниве мрежи: