НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Ова е копилотот кој намерно го урна германскиот авион!

Копилотот на авионот Aribus 320 на German wings, ја преземал контролата врз леталото и намерно започнал со спуштање, рекоа истражителите на конференцијата за медиуми.Повикувајќи се на снимките од кокпитот, француските обвинители рекоа дека пилотот го напуштил кокпитот, по што веќе не можел да се врати назад.
Со тоа, копилотот намерно го урнал авионот.
Германскиот државјанин останал сам во пилотската кабина откако пилотот излегол. Тој не сакал да го пушти да влезе внатре и ги однел патниците и екипажот на авионот во директна смрт. Тој бил жив во моментот на удар.
Првите 20 минути од разговорот помеѓу пилотот и копилотот биле пријателски, а потоа управувањето го преземал копилотот, бидејќи пилотот отишол во тоалет. Во тој момент, копилотот започнал со забрзано спуштање на авионот. Обвинителот неговиот потег го опишал како „доброволна акција“.
Последните 10 минути, пилотот се обидувал да влезе во кабината. Тропал на вратата, но не добивал одговор. На снимката се слуша звук од дишењето на копилотот до моментот на удар.
Најверојатното објаснување е дека копилотот одбил да ја отвори вратата и го урнал авионот. Намерата му била да го уништи авионот, беше соопштено на конференцијата за медиуми.
Копилотот цело време дишел нормално и не изустил ниту еден збор откако пилотот ја напуштил кабината.
На конференцијата беше кажано дека копилотот не е познат како терорист. Неговото име е Андреас Лубиц.Повикувајќи се на снимките од кокпитот, француските обвинители рекоа дека пилотот го напуштил кокпитот, по што веќе не можел да се врати назад.

Пронајдете не на следниве мрежи: