Тим научници од Мелбурнскиот Универзитет Монаш развиле посебен нано ласер со кој може да се создаваат минијатурни, но ефикасни уреди.Со spaser технологијата може да се создаваат мобилни уреди кои ќе бидат толку мали, ефикасни и флексибилни што без проблем ќе може да се принтаат на облеката. Ова е првиот spaser (surface plasmon amplification by stimulated emission of radiation) кој е целосно изработен од јаглерод. Во основа spaser е минијатурен ласер или наноласер. Тој емитува ласерски зрак со вибрациите на слободни електрони, за разлика од многу поголемиот процес со електромагнетни бранови кој се користи кај традиционалните ласери.
Досега spaser ласерите се правеа со златни или сребрени наночестички, додека овој наноласер е направен од графен и од јаглеродни наноцевки. Примената на овој материјал значи дека системот ќе биде поиздржлив и по флексибилен, ќе може да функционира на високи температури и нема да ја загадува околината.
Дознајте повеќе на gsm.mkСо spaser технологијата може да се создаваат мобилни уреди кои ќе бидат толку мали, ефикасни и флексибилни што без проблем ќе може да се принтаат н