НАЈНОВО ОТКРИТИЕ: Пријателите се нашето второ семејство. Откриена е генетска сличност!

Со анализата на гените, научниците откриле дека со пријателите ги делиме гените како да ни се роднини од четврто колено. Направен е и калкулатор кој предвидува кој би можел да ни биде пријател.Анализата на готово 1,5 милиони генетски маркери покажала дека пријателите иако не ни се роднини, ние сепак со нив имаме генетски сличности.
„Гледајќи го целиот геном, откривме дека генетски сме слични со нашите пријатели. Имаме повеќе заедничко ДНК со луѓето кои ги имаме избрано да ни бидат пријатели“, наведува Џејмс Фаулер од Универзитетот Калифорнија.
Заедно со неговиот колега Николас Кристакис од Јејл, ја објавил анализата на геномите користејќи ги податоците од студијата која ги следеше болестите на срцето кај луѓето и нивните деца. Истата студија вклучувала и податоци за тоа кој со кого е пријател за луѓе од иста популација и со европско потекло.
Научниците анализирале 1932 лица и откриле дека пријателите делат 1% од гените, односно дека се поврзани како роднини од четврто колено.Анализата на готово 1,5 милиони генетски маркери покажала дека пријателите иако не ни се роднини, ние сепак со нив имаме генетски сличности.

Пронајдете не на следниве мрежи: