Ден Вајден, авторот на познатиот слоган „Just Do It“, на компанијата Најк, инспирацијата ја добил на навистина необичен начин.Во осумдесеттите години, компанијата Најк се наоѓала во сериозна конкурентска војна со компанијата Рибок.
Ден Вајден, во тој момент бил свесен за фактот дека клучот на успехот лежи во слоган со кој ќе може да се поистовети целата нација – од жените кои повремено џогираат во парковите, до најуспешните атлетичари во светот.
Вечерта пред да се претстави новиот слоган, Вајден и понатаму интензивно размислувал трагајќи по инспирација. Од некоја причина, таа вечер упорно му се „моташе низ глава“ 10 години стариот случај на Гери Гилмор, кој своевремено крена огромна медиумска прашина во Америка.
Гери имал тешко детство, а поголем дел од младоста ја поминал во затвор. Откако бил пуштен на слобода, тој се преселил кај далечен роднина во Јута со цел повторно да воспостави нормален живот. Меѓутоа, многу брзо му се вратил на претходниот начин на живот и во јули 1976 година прво ограбил бензиска пумпа, убивајќи го вработениот Макс Џенсен, а потоа и Бени Бушнел, управникот на хотелот во кој бил сместен претходната вечер.
Гилмор за кратко време бил фатен, обвинет и осуден на смрт. Наместо да се бори за живот, тој ја поздравил пресудата и избрал да биде стрелан од огнено оружје. Кога бил запрашан на 17 јануари 1977 година, дали сака да ги изговори последните зборови, Гилберт рекол „Ајде да го направиме тоа!“ (анг. „Just Do It“).
Реченицата станала инспирација за Вајден. Слоганот „Just Do It“ прв пат се појавил во реклама на Најк во 1988 година по што компанијата станала лидер на пазарот.Во осумдесеттите години, компанијата Најк се наоѓала во сериозна конкурентска војна со компанијата Рибок.
Ден Вајден, во тој момент бил све



