Најпознатите предвидувања на Баба Ванѓа – прв дел

Ванѓа е жена од најпознатите и најчудните личности во историјата на Балканот. Таа била слепа, а своите специјални моќи ги открила дури на триесетгодишна возраст, кога започната Втората светска војна…Поради нејзините способности во текот на животот ја посетиле околу 1 милион луѓе. Според статистиките повеќе од 80 проценти од нејзините предвидувања се оствариле. 
Малкумина знаат дека Ванѓа се родила во 1911 година во Струмица, во Македонија. Како бебе била многу мала и родителите не знаеле дали ќе преживее, та затоа и некое време не и давале име.. На дванаесет години, поради несреќа која и се случила, таа ослепела. 
Ванѓа, односно Вангелија прво го задивила нејзиниот татко кога му кажала каде точно ќе ја пронајде изгубената овца. Веќе тогаш таа кажувала дека во сон и се јавуваат визии кои подоцна станувале јаве. Се до почетокот на Втората светска војна таа не била премногу експонирана, за сето тоа наскоро да се промени. ВО 1941 таа кажала дека имала визија во која човек на коњ, мошне убав, и кажал дека наскоро цел свет ќе се преврти на глава идека многу луѓе ќе загинат.
Некои сметаат дека тој коњаник е римскиот имератор Константин. Интересно е дека постојат сведоштва дека Хитлер лично, по влегувањето во Бугарија, се упатил кај неа во Петрич да ја праша за своите тајни намери да ја нападне Русија. Го интересирало како ќе помине тоа. Кога влегол кај неа, таа веднаш му кажала:„Остави ја Русија, таа војна ќе ја загубиш“. 
Хитлер бил многу нервозен поради тоа. А Ванѓа за да му докаже дека се верни нејзините претскажувања ги пратила неговите придружници во една штала каде кобила се пораѓала. Им кажала какво ќе биде здребето до детали. Кога тие се вратиле му потврдиле на Хитлер дека целосно погодила. Потоа тој од кај неа си заминал бесен. 
Таа често не одговарала на поставените прашања. Многумина ги одбила и често разговарала за судбината на неродените деца и за она што ќе им се случува… Ова се нејзини особини кои многумина ги бунеле и ги бунат и денеска..
Утре ќе читате за предвидувањата на Ванѓа за смртта на Сталин, убиството на Кенеди, и смртта на Индира Ганди…Поради нејзините способности во текот на животот ја посетиле околу 1 милион луѓе. Според статистиките

Пронајдете не на следниве мрежи: