Најпознатите предвидувања на Баба Ванѓа – втор делА

Ванѓа е жена од најпознатите и најчудните личности во историјата на Балканот. Таа била слепа, а своите специјални моќи ги открила дури на триесетгодишна возраст, кога започната Втората светска војна…Ова е втор дел од текстот за нашата сограѓанка Ванѓа (родена во Струмица). Вчера имавте можност да го прочитате првиот. Ако не го сторивте тоа, тогаш погледнете ги подолу поврзаните текстови.
…Ванѓа пола година пред смртта на Сталин ја најавила неговата смрт. Поради тоа тајните служби на Бугарија веднаш ја уапсиле. Неколку месеци по смртта на Железниот сепак ја ослободиле. Во 1963 пак таа ја предвидела и смртта на Џон Ф Кенеди. ДОдека пак во 1968 таа предвидела три големи светски настана. Прво бунтот во Чехословачка, потоа убиствотот на Роберт Кенеди, како и победата на републиканците на американските избори. Наредната година ја предвидела смртта односно убиството на Индира Ганди. 
Кон крајот на осумдесетите кога Ванѓа рекла Курск ќе се најде под вода, на никој не му било јасно за што таа зборува, бидејки градот е на стотици километри од водата. Меѓутоа во 2000 кога потона нуклеарната подорница Курск, сите се потсетија на зборовите на Ванѓа. 
Мистериозни зборови за Јуриј Гагарин
Ванѓа на другарот на Гагарин, Вјачеслав Тихонов, при неговата посета кај неа, само што го преминал прагот му викнала, Гагарин не е загинат, тој беше ОДВЕДЕН… До денеска не е јасно на што мислела. Којзнае можеби во иднина ќе ни стане појасно.
Се смета дека во осумдесетите години на минатиот век Ванѓа почнала се појасно да ја гледа иднината. Нејзините блиски забележале дека тогаш таа еден ден викнала дека човештвото ќе го нападнат нови и опасни болести. Набргу потоа се појавила СИДАТА, како и птичјиот грип..
Но исто така го најавила и лекот од РАК, објаснувајќи дека ќе дојде време кога тој ќе биде окован во пранги со лек кој ќе содржи многу железо.
Владимир ќе биде господар на светот а Русија повторно Империја
Таа во 1979 го најавила доаѓањето на Путин, како што многумина денеска сметаат. Пророштвото гласело вака: „се се топи, само едно ќе биде недопрено, славата на Владимир. Тој се трга од својот пат, и не само што ништо нема да му се случи, туку ќе стане и господар на светот. А русија повторно ќе биде империја. Интересно е што ова пророштво е кажано во време кога Русија не постоеше и не често се користеше како збор, туку СССР. 
Ванѓа ги најавила и нападите на Њујорк, со зборовите дека ќе паднат браќата американци. Ќе се пролие невина крв, а волци ќе вијат зад збуновите. Да потсетиме дека Буш значи жбун.
Ќе се сретнеме со вонземјани
Пред самата смрт, Ванѓа најавила дека ќе се сретнеме со дојденците кои одамна живеат тука. Тие доаѓаат од планета која таа ја нарекла ВАМФИН. Таа се наоѓа на локација која е трета од земјата. Не прецизирала во која насока и колку далеку… Контактот е најавен за околу 200 години…
Утре во третиот и последен дел ќе читате за најважните предвидувања за поблиската и подалечна иднина…
 Ова е втор дел од текстот за нашата сограѓанка Ванѓа (родена во Струмица). Вчера имавте можност да го прочитате првиот

Пронајдете не на следниве мрежи: