НАЈ НАЈ во светот!Суперлативот “Нај“ е нашиот заштитен знак, кој и те како си го заслужува местото во понудата на Ford. Имено добропознатиот модел Ford Focus е продаден во повеќе од 12 милиони примероци во светски рамки во кој се вклучуваат околу 7 милиони само во Европа од неговото лансирање во 1998 година. Во 2013 година, актуелниот модел на Ford Focus кој содржи најсовремена технологија и софистициран дизајн е НАЈпродаваниот автомобил во светот со продажба од над 1.1 милион примероци.
Вториот суперлатив се однесува на револуционерниот турбо бензински мотор од Фордовата технологија познат како EcoBoost. Овој агрегат комбинира мала зафатнина, лесни материјали, директно вбризгување на горивото, турбо полнење и променливо темпирање на вентилите за да ја намали потрошувачката до 20 проценти во споредба со поголемите мотори но да ја извлече максималната моќност од секоја капка гориво. Притоа EcoBoost е револуционерен бидејќи за прв пат во историјата две години по ред се закитува со наградата Интернационален Мотор на Годината со што се етаблира како НАЈнаградуван мотор во светот.
Спојот на докажан автомобил со извонреден мотор е понуда која не може да ја одминете. Сега кога веќе ги знаете сите факти следува клучниот момент кој скоро секогаш е пресуден при набавката на нов автомобил. Тоа секако е цената.
Ми Да Гранд Моторс и во овој одговор повторно, заслужено, ќе се послужи со суперлативот НAJ…имено, најновата технологија и квалитет отсега достапни по НАЈниската цена на светот. Ford Focus 1.0 EcoBoost со Trend ниво на опременост за само 11.990 €.
Во Македонија потрошувачите дефинитивно знаат да проценат добра понуда посебно кога се работи за автомобилите. Закажете Тест возење и проверете ја и Вие НАЈпонудата во светот!Суперлативот “Нај“ е нашиот заштитен знак, кој и те како си го заслужува местото во понудата на Ford. Имено добропознатиот модел