Во ова наше модерно време, преполно со цинизам и љубомора, многу ретко среќаваме љубовни приказни кои сеуште може да не воодушеват.
И токму кога помисливме дека вистинската романтика постои само во романтичните комедии и драми, токму пред Денот на вљубените објавена е приказна која неможе да ја смисли ниту најдобриот холивудски сценарист (и покрај тоа што малку потсетува на филмот P.S I Love You)
Всушност за викендов на Твитер се појави приказна која изглегла во весникот HyperVocal. Во прашање е писмо од 68-годишната Сју Џонсон од Хјустон, а тешко дека ќе се најде некој кој нема да го погоди оваа љубовна приказна.
Специјална испорака
Мојот драг сопруг и јас бевме во брак 46 години. Секоја година на Денот на вљубените ми го испраќаше најубавиот букет цвеќе со порака од пет едноставни збора:
„Мојата љубов за тебе расте“. Четири деца, 46 букети со цвеќе и живот полн со љубов е тоа што тој и го оставил, кога пред две години починал.
На првиот Валентајн кој го дочекав сама, 10 месеци откако го изгубив, бев шокирана кога ми стигна прекрасен букет… од Џон. Налутена и со скршено срце се јавив во цвеќарата за да им објаснам дека е грешка. Тие ми објаснаа
„Не, госпоѓо. Не е во прашање грешка. Пред да почине, вашиот сопруг однапред плати за многу години и побара да му гарантираме дека вие ќе продолжите да добивате цвеќе секоја година на Денот на вљубените.“
Без зборови, ја спуштив слушалката и ја прочитав пораката која беше закачена на букетот. На неа пишуваше “Мојата љубов за тебе е вечна“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во ова наше модерно време, преполно со цинизам и љубомора, многу ретко среќаваме љубовни приказни кои сеуште може да не воодушеват.
И токму