НАЈСКАП И НАЈБАРАН зачин во светот. Еден килограм чини 25.000 евра!

Шафранот е прекрасен цвет, кој цвета од крајот на септември до почетокот на декември. Во тој период се собираат цветовите што содржат само по три тенки ливчиња што имаат темноцрвена боја, слична на бојата на крвтаУште во антички времиња, шафранот се користел како колорант бидејќи има неверојатна способност да обои 100.000 пати повеќе од својот волумен.
Важи за лек што помага при варењето, но најважно е што има сосема посебен извонреден вкус, па на јадењата им дава посебност како ниеден друг зачин.
Шафранот е познат од дамнина, а почнал да се одгледува уште во 7 век во Кина. Во Европа шафранот стигнал преку Шпанија во 10 век, а го донеле Арапите.
Цената на шафран е астрономска, се движи до 25.000 евра за килограм.
Сите шафрани минзухари цветаат во краток период од една или две недели. Приближно 150 цветови се потребни за 1 g сув шафран. За производство на 12 г суво шафран (72 г свеж), е потребно 1 кг цвеќиња.
Најдобриот шафран се произведува во областа Гатине, на југоистокот од Париз, а го има и во француската област Аквитанија, во шпанската Ла Манча, во Пакистан, Грција, Иран, Мароко.
Во светот годишно се произведуваат окол 225 метрички тони од овој зачин, а само во Иран повеќе од четири петини. Токму затоа, овој лековит зачин е неизоставен дел од многу јадења.
Современи истражувања покажуваат дека шафранот има антиканцерогени и антимутагенни својства и ги засилува ефектите на имуномодулаторите и антиоксидансите. Во комбинација со чајот од камилица дејствува смирувачки и приспивно.
Чај од шафран помага и при кардиоваскуларни болести. Тој предизвикува потење, што го забрзува очистувањето на токсините од телото. Чај од шафран се подготвува како во сад со топла зовриена вода, но не и врела, се стават 2-4 прстиња од билката и останат таму 10-15 минути. Може да се додаде мед по вкус.Уште во антички времиња, шафранот се користел како колорант бидејќи има неверојатна способност да обои 100.000 пати повеќе од својот волумен.

Пронајдете не на следниве мрежи: