За повеќето луѓе на светот, кога ќе им се постави прашањето кое е најсмртоносното животно во светот – помислуваат на змии, крокодили, ајкули. Но, би се излажале, бидејќи најсмртоносни се комарците.Според Светската здравствена организација (WHO), комарците се заслужни за пренесување на најголем број болести, па дури и најсмртоносните како што се маларијата и опасните грипови. Комарците годишно убиваат околу милиони луѓе.
Во последните неколку години, тие се „виновни“ за готово 40.000 случаи на заболени од болеста „Западен Нил“, објаснува Business Insider.
Смртоносните вируси кои ги пренесуваат комарците, се појавуваат во делови од светот во кои сѐ уште досега не биле забележани.
Лесно се поставува прашањето – ако комарците се толку смртоносни и опасни за луѓето, зошто тогаш не се истребат?
Научниците често налетуваат на ова прашање.
Но, ова се причините кои докажуваат дека нештата не се толку едноставни.
Прво, тешко е да се предвиди како истребувањето на комарците би влијаело на еколошкиот систем. Иако животните што се хранат со комарци не би изумреле бидејќи се хранат и со други инсекти, тоа секако би им го пореметило биолошкиот ритам. Кога би дошло до тоа, последиците би биле многубројни, бидејќи природата има свој ритам и синџир на исхрана кој може значително да се наруши и со исчезнувањето на еден единствен вид.
Второ, од илјадници видови комарци што постојат на планетата, само мал дел пренесуваат заразни болести.
Трето, многу од нив не се ни „заинтересирани“ за човечката крв. Поради тоа се покренува нова дебата.
– Наместо да се убијат сите комарци на светот, дали е можно да се истребат само оние видови кои им се закануваат на човечките животи?
Некои од можностите се интервенции во животните простори на тие поопасни видови, како што се сушењата на барите и употребата на пестициди. Во старт би се убиле комарците на местата на кои се размножуваат.
Но, постои и поинтересен начин. Научниците од Универзитетот во Кентаки го нарекуваат „контрола на оплодувањето“ кај комарците. Тие дошле до заклучок дека во иднина би било можно да се третираат смртонсоните комарци со бактерии кои ги стерилизираат мажјаците.
Иако тоа не би помогнало при спасот од иритантните убоди, изумирањето на оние комарци кои навистина се виновни за милиони смртни случаи ширум светот, би била една од најголемите победи на здравствениот систем во историјата на човештвото.Според Светската здравствена организација (WHO), комарците се заслужни за пренесување на најголем број болести, па дури и најсмртоносните како што



