‘Најсреќен е оној што не знае ништо’

‘Најсреќен е оној што не знае ништо’ – забележал во една прилика големиот Еразмо Ротердамски. Ако оваа негова девиза ја пресликаме во денешно време, многу лесно ќе дојдеме до заклучокот дека новата (наметнатата) влада на аболицираниот од Муртино е преполна со среќни луѓе.
Судејќи по последниот дебатен настап на 24 вести, Роберт Алаѓозовски новиот министер за култура бездруго е најсреќниот во нововостановениот владин кабинет. Со манири на ретко виден аналфабет за културните текови во државата, по дебатата на 24 вести, Алаѓозовски уште на почетокот од својот мандат, си го обезбеди своето место во халата на славните, како ендемска појава која со непознавањето на надлежностите од ресорот кој му е доделен на раководење, а со непочитувањето на македонските културни аури (како онаа на Милчо Манчевски) внесе сериозна загриженост во домовите на граѓаните на Република Македонија.
Базичните лавиринти од (за Алаѓозовски) далечната и возвишена енигма наречена Министерство за култура, пред очите на милионскиот аудиториум го проголтаа надуеното его на ‘реформскиот’ министер кој после првата невешто склопена реченица беше проголтан од сопственото незнаење на основните принципи врз кои функционира ‘неговото’ министерство како една од најважните општествени институции во земјата.
Ако се изземе потребата за самопромоција на Висар Вишка како уметник кој навистина заслужува повидлив третман во домашното културното милје и резолутноста на итрата лисица Роберт Велјановски, севкупен победник во споменатата дебата на 24 вести бездруго е Елизабета Канческа Милевска -доскорешната министерка за култура, која на ‘отворена сцена’ уште еднаш на маестрален начин покажа дека во моментов е ненадминат и незаменлив авторитет кој во ‘атомска структура’ ги познава проблемите во културната сфера, истовремено посочувајќи функционални решенија за унапредување на културното живеење во земјава.
Како Каспаров во своите најдобри денови, Канческа Милевска велемајсторски и со леснотија ги растури однапред осмислените шаховски табли на инсинуациите, клеветите, злонамерните обвинувања па ако сакате дури и непринципиелното водство на Младен Чадиковски (како секундант на Алаѓозовски) и нарачаните прашања на социјалдемократската младина, за пред очите на цела македонска јавност (играјќи со белите фигури на вистината) да победи во оваа тв симултанка.
Обидите Канческа Милевска да се стави во контекст на настаните од 27 април или да се испрати во потера по наводно исчезнатото платно на Мартиноски беа само израз на немоќ во спарната вечер на неминовни порази над безидејноста и недораснатоста на актуелниот министер за култура.
Добрите познавачи на културните прилики во земјава се цврсто убедени дека во дебатата на 24 Вести Алаѓозивски ќе поминеше исто дури ако до себе ги имаше и тешкиот анонимус и неработник Теодосиевски, Грчев но и Ѓунер (кој во времето на своето министерување не стори ама баш ништо за културата) заедно. Пред фактите и боговите молчат.
Интересно е тоа што тв 24 Вести по неполни 12 часови ја тргна снимката на емисијата од каналот youtube. Мало е фајдето од таквиот потег. Од срамот не се бега!‘Најсреќен е оној што не знае ништо’ – забележал во една прилика големиот Еразмо Ротердамски. Ако оваа негова девиза ја пресликам

Пронајдете не на следниве мрежи: