Најстарата порака во шише пронајдена во Германија!

Работата со чудата е што се појавуваат на најнеочекуваните места, во најнеочекуваното време. Приказната на овој пар е таков пример. Ќе ве натера да размислите колку е непредвидлив животот.Мариен Винклер, која порано работела во пошта, била на одмор со нејзиниот сопруг Хорст, кога забележала необично шише како плови на островот Амрум во Германија. Таа забележала дека во шишето има хартија внатре на која пишувало: „Скрши го шишето“. „Се обидовме да ја извадиме пораката од шипето, но немаше шанса, па го сторивме тоа што го пишуваше,“ вели таа.
Кога парот успеал да ја извади хартијата од шипето, пронашле порака на англиски, германски и холандски. Внатре пишувало, пронаоѓачот да напише информации за тоа каде го пронашол шишето и да го испрати во Маринската биолошка асоцијација во Плимут, Обединетото Кралство. Пишувало дека оној кој ќе го стори тоа, ќе биде награден со еден шилинг.
Откако ја примиле картичката од парот, членовите од Биолошката асоцијација биле зачудени. Тие сфатиле дека шишето било едно од 1020 пуштени во Северното море помеѓу 1904 и 1905 година, како дел од проект за тестирање на струите на морето. Многу шишиња биле пронајдени од рибари. Други завршиле на брегот, а некои не биле никогаш пронајдени.
Асоцијацијата, им испратила шилинг на парот како што било ветено во пораката. Мариен и Хорст сега чекаат од Гинисовите светски рекорди да потврдат дали е тоа најстарата порака во шише која е пронајдена. Се верува дека моменталниот рекорд е шише пронајдено по 99 години.
Мариен Винклер, која порано работела во пошта, била на одмор со нејзиниот сопруг Хорст, кога забележала необично шише како плови на островот Амрум

Пронајдете не на следниве мрежи: