Керол Хорлок (50) има две деца, а покрај нејзината работа во пералница, таа е и сурогат мајка, а досега има родено 15 деца како сурогат мајка, вклучувајќи близнаци и тројка.Керол Хорлок од Велика Британија е сурогат мајка за во Гинис. Таа наскоро ќе роди близнаци, односно ќе го роди и 16. и 17. дете, кои веднаш ќе бидат дадени на еден пар.
Таа одлучила да оди на вештачко оплодување во Грција, а децата ќе ги роди во Велика Британија.
Оваа жена од Велика Британија е среќна што може да помогне некому, особено на луѓето кои не можат да имаат деца.
За можноста да биде сурогат мајка дознала од една статија во весник во 1995-та година и вели дека иако тогаш имала само дваесет години, бидејќи била разведена со две деца, решила некако да заработи за живот.
Таа зема помеѓу 16.000 и 24.000 долари за бременоста. Керол вели дека сега кога веќе има работа, ова повеќе го прави за да им помогне на другите, отколку на себе. Инаку, Британката нема никакви барања освен тоа родителите барем еднаш годишно да ѝ пратат слика од детето.Керол Хорлок од Велика Британија е сурогат мајка за во Гинис. Таа наскоро ќе роди близнаци, односно ќе го роди и 16. и 17. дете, кои веднаш ќе бида