Најстарите жени на светот ги откриваат своите тајни на долговечноста

Која е тајната на долгиот и среќен живот? Зависи од тоа кого прашувате.Од врски и пријателства до навики во исхраната, сите го бараме најдобриот начин како подолго да останеме здрави. За порталот Marie Claire, некои од најстарите жени на светот ги откриле своите тајни на долговечноста. 
Флоси Дики, 110 години
Една од најстарите личности на светот, на прашањето како е толку долговечна, изјавила: „Не знам, не се борам. Јас живеам“. Оваа бабичка е позната и по нејзиниот YouTube канал, а нејзини омилени активности ѝ се одморањето и спиењето.
Агнес Фентон, 110 години
Агнес е од Њу Џерси и никогаш немала деца. Таа истакнува дека нејзината долговечност се должи на тоа што секој ден пие по три лименки светло пиво и чаша виски. Сепак, во последните неколку години пие помалку затоа што ѝ се намалил апетитот за алкохол.
Ема Морано, 115 години
Госпоѓата од Италија смета дека доживеала толку длабока старост благодарение на сировите јајца и поради тоа што нема маж во животот. Најстарата жителка на Европа почнала да консумира сирови јајца уште како тинејџерка, затоа што лекарот ѝ ги препорачал за анемијата. Порано јадела по три свежи јајца на ден, а последните неколку години само по две. По неуспешниот брак кој завршил во 1938. година, Морано истакнува дека имала неколку врски, но никогаш не се премажила. „Не сакав никој да управува со мојот живот“, вели таа.
Џеси Галан, 109 години
Најстарата жена во Шкотска исто така поголемиот дел од животот го поминала без сопруг и консумирала слична храна. „Мојата тајна за долг живот е држењето настрана од мажите. Тие носат само неволји, а не се вредни за тоа. Исто така, секогаш вежбав многу, секое утро јадев мала порција каша и никогаш не се омажив“, објаснува Галан.
Елизабет Саливан, 104 години
Оваа госпоѓа од Тексас објаснува дека доживеала длабока старост и покрај тоа што секој ден пие по три лименки газиран пијалок. “Секој лекар ми велеше дека тоа ќе ме убие. На крајот умираа тие, а не јас. Значи дека негде постои грешка”, вели Саливан.
 
Сузана Машат Џоунс, 115 години
Машат Џоунс, својата долговечност ја припишува на сланината и животот без деца. Џоунс објаснува дека секое утро јаде сланина, а бидејќи никогаш немала деца, на своите внуки им го платила школувањето.
Вајолет Мос-Браун, 117 години
Позната како Тетка В, госпоѓата од Јамајка вели дека јаде и пие сè, освен свинско и пилешко месо и рум.
Флоренс Берс, 100 години
Флоренс смета дека секој може да доживее 100 години. Таа објаснува дека успеала во тоа затоа што секој ден пиела по една чаша вино и избегнувала салами.
 Од врски и пријателства до навики во исхраната, сите го бараме најдобриот начин како подолго да останеме здрави. За порталот Marie Claire, некои од

Пронајдете не на следниве мрежи: