Најстудено изутринава во седум часот беше во Берово и во Скопје Петровец, каде што се измерени минус шест степени Целзиусови, по што следат Крива Паланка и Струмица со минус 5, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија, Куманово, Тетово, Маврово, Штип со минус 4, Крушево, Пожаране, Битола и Демир Капија со минус 3, Лазарополе и Ѓуриште со минус 2, Претор, Виница, Тополчани и Прилеп со минус 1. Нула степени се измерени во Охрид и Дојран, а 2 во Дебар.На Маврово висината на снежната покривка изнесува 5 сантиметри, во Лазарополе 4, а 3 во Ѓуриште и во Крушево.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Позначителна облачноста ќе биде во западните делови. На планините на северозапад ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата до 9 степени.
Утре ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Под влијание на јужно струење во наредните денови дневните температури ќе бидат релативно високи, а и утринските ќе бидат во пораст. Во среда облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд во западните делови ќе има во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне.На Маврово висината на снежната покривка изнесува 5 сантиметри, во Лазарополе 4, а 3 во Ѓуриште и во Крушево.
Времето денеска ќе биде сонче