Најстудено во Маврово, во Скопје минус осум

Најстудено изутринава е во Маврово со минус 10 степени, а во Скопје се измерени минус осум. Негативни температури има во цела Македонија, како и снежна покривка.Најмногу снег има во Маврово 90 сантиметри, во Крушево висината на снежната поктивка е 50 сантиметри, Тетово 28, Охрид 26, а 20 сантиметри во Скопје, Битола и Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен снег  претпладне како и во вечерните часови. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до еден степен.
До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под -10 степени. Во петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.
 Најмногу снег има во Маврово 90 сантиметри, во Крушево висината на снежната поктивка е 50 сантиметри, Тетово 28, Охрид 26, а 20 сантиметри во Скопј

Пронајдете не на следниве мрежи: