Најтаинствената секта на Римокатоличката црква е моќна организација, која се формирала во осумдесетите години на минатиот век и вила срце на структурната моќ на Ватикан. Оваа моќна секта е позната под името Опус Деи.
Оваа организација (секта) има фундаменталистичко значење. Според извори од форуми, зад оваа организација се наоѓаат важни и моќни личности како секретар на папата, негов потпарол, дел од министрите, а нејзини членови биле, а и сеуште се директни и најблиски соработници на минатиот папа, Јован Павле Втори.
Се смета дека седиштето и е во Ватикан, но дека е распространета насекаде низ светот и брои околу 80 илјади членови.
Иако членовите на оваа секта се насекаде, тие не можат да се видат, ниту да се познаат. Целите на оваа секта се скриени, само е познато дека се чисто духовни. Опус Деи сака да ги научи своите членови на духовното, а најверојатно по нејзиното создавање, се вмешале политичките и економските центри во светот.
Оваа организација води осум универзитети и осум институти за високо образование ширум светот. Најверојатно има големо влијание врз комплексот на радио и ТВ мрежи како и многуте издавачки куќи, во Италија, а и пошироко. Членовите не смеат да се експонираат во јавност, а се програмирани да не ги доведуваат во прашање намерите на внатрешната хиерахија и ригорозно да се покоруваат на претпоставените.
Основачот на оваа организација е Хоземарија Ескрива де Балагер, кој не бил ни бискуп, а имал поголема моќ од многу кардинали. Постхумано бил прогласен за светец, во Мај 1992 година.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Најтаинствената секта на Римокатоличката црква е моќна организ