Една фотографија на расплакан постар пар растажи илјадници луѓе ширум светот. Таа е направена од нивната внука, која е опишана како „најтажната слика која некогаш е направена досега“.На неа се наоѓаат Волф и Анита Готшал кои се заедно од 62 години, но биле принудени да се разделат за осум месеци, за да живеат во различни старечки домови.
Приложената фотографија е од нивната средба откако двајцата биле принудени да живеат одвоено, заради грешка на здравствениот систем и недостатокот на места во старечки дом на Волф.
Роднините на Волф и Анита патуваат на секои два дена од едниот до другиот старечки дом, за да може повозрасниот пар да помине малку време заедно.
„Дедо има деменција, која станува сѐ посилна со секој изминат ден. Спомените поврзани со баба ми сѐ уште не се исчезнати“ – пишува внуката на Волф и Анита.
Таа додава дека ако двајцата бидат поделени за подолго време, нејзиниот дедо може да ја заборави нејзината баба.
Од здравствената установа во која живее Волф се извинија за непријатностите и појаснија дека прават сѐ што е можно за да ги спојат старите луѓе.На неа се наоѓаат Волф и Анита Готшал кои се заедно од 62 години, но биле принудени да се разделат за осум месеци, за да живеат во различни старечк