Најтежок ден за Европската унија, Јункер: „Грција не издаде“! Меркел: „Доколку пропадне еврото, ќе пропадне и Европа“!

Жан Колд Јункер, претседател на Европсклата комисија, на прес конференцијата во понеделник без ракавици порачал дека се чувствува како Грција да го издала!„Немам други зборови за тоа што ни го стори Ципрас. После сите напори што ги вложивме, на крај се чувствуваме издадени. Потезите на грчкиот премиер се чист популизам, тактичка игра и над се- егоизам. Ставиле една демократија наспроти 18 други, а тоа не е достојно за грчкиот народ. Ние сторивме навистина се и време е грчкиот народ да ја дознае вистината“, рекол бесниот Јункер осврнувајќи се на грчкиот референдум кој треба да се одржи во недела.
„Заокружете „да“, бидејќи тоа значи опстанок во еврозоната. Сите останати сценарија се чисто самоубиство.
Јункер го обвинува Ципрас и неговиот минисртер за финансии Јанис Варуфакис дека купувале време и намерно одолговлекувале во преговорите.
„Велат дека сме предлагале намалување на пензиите, но тоа едноставно не е вистина. Таа понуда никогаш не била на масата! Она што ние го предложивме беше тешко, но чесно. Повторувам Европа направи се за Грција да не банкротира.
Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделник изјавила дека пропастот на еврото ќе значи и пропаст на Европа па затоа повикува на компромис во момент кога се стравува од излез на Грција од монетарната унија.
„Доколку пропадне еврото, ќе пропадне и Европа“, рекла канцеларката пред членовите на својата конзервативна партија во Берлин, прв пат за тоа јавно говорејќи по неуспешните преговори одржани помеѓу Грција и нејзините доверители за време на викендот.
„Доколку ја изгубиме способноста да пронајдеме компромис во ова, Европа е изгубена“, кажала таа.
Нејзиниот портпарол Стефен Сеиберт во понеделник на редовната конференција за новинарите рекол дека канцеларката е подготвена на повторни преговори со својот грчки колега Ципрас доколку тој посака.
Францускиот претседател Франсоа Оланд денес изјавил дека неговата земја и понатаму е расположена за нови разговори со Грција и нејзините доверители и оценил дека договорот се уште е можен и покрај прекинот на преговорите за време на викендот.
„Франција и понатаму е на располагање и за тоа дијалогот да се продолжи. Денес се уште постои можност за постигнување договор, а утре се ќе зависи од одговорот на Грците на референдумот“.
Русија е загрижена дека грчката криза ќе има негативни пшоследици за целата Европска унија.
„Москва внимателно ги следи случувањата во ЕУ во контекст на финансиската криза во Грција“, рекол потпаролот на Кремљ, Димитри Песков.  „Немам други зборови за тоа што ни го стори Ципрас. После сите напори што ги вложивме, на крај се чувствуваме издадени. Потезите на грчкиот п

Пронајдете не на следниве мрежи: