НАЈУБАВАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА ПОМЕЃУ МУСЛИМАН И СРБИНКА: Има поврзаност со „Видовдeн“ и со сигурност ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ!

Принцезата Оливера пред се била мудра жена. Повеќе го користела својот памет, отколку убавината и така успеала да стане миленичка на султанот.Оливера Лазаревиќ е најмладата ќерка на кнезот Лазар и кнегињата Милица. По смртта на Лазар во битката на Косово, кнегињата била принудена својата најмлада,а  во исто време и најубава ќерка, да ја даде на турскиот султан Бајазит во харемот.
Одлуката за испраќање на Оливера во харемот ја донело Државното собрание во 1389 година.
Српскиот народ, според преданијата, од Крушевац кон Дренополе, по целиот пат на Оливера и распослале рози.
А помеѓу многуте жени во харемот, Оливера станала една од 4-те легитимни жени на султанот- Кадуна.
Меѓу султанот Бајазит и Оливера се родила љубов. Таа била многу почитувана и и било дозволено да ја задржи својата вера помеѓу муслиманите. Својата позиција Оливера ја искористила за помош на српскиот народ.
Најголемиот грев за неа бил тоа што му шепотела на султанот во корист на нејзиниот брат деспотот Стефан Лазаревиќ.
Принцезата Оливера пред се била мудра жена. Повеќе го користела својот памет отколку убавината и така успеала да стане миленичка на султанот.

Харемот бил сложно, опасно и затворено место, излолирано од реалноста и надворешниот свет.
Само четири хасеќии, како што е пропишано со шеријатот, би можеле да стапат во шеритајски брак и биле наречени Кадуна, а доколку родат синови- баш Кадуна.
Вешто избегнувајќи ги интригите и строгата хиерархија, го нашла својот пат до срцето на Бајазит.
Како негова миленичка таа успеала да и помогне на својата земја. Со ваквото однесување покажала исклучителна дипломатска мудрост.

Благодарение на својата способност и влијанието што го имала над самиот Бајазит, семејството Лазаревиќ заземало поволна позиција на турскиот двор.

Во харемот поминала 12 години, а по враќањето во Србија му била верен придружник и советник на Деспотот, ги предводела политичките и дипломатските односи со отоманското владеење, бидејќи добро ги знаела тамошните владетели.
По битката кај Ангора (Анкара) во 1402 година, каде што татарскиот Емир Тамерлан им нанел тежок пораз на Османлиите и го заробил Султан Бајазит, во заробеништво била и Оливера.
Според турската традиција, Бајазит на 8 Март 1403 година во татарското ропство, на крајот извршил самоубиство поради срамот кој и бил нанесен на Оливера.
Оливера била ослободена од заробеништво во текот на 1403 година, благодарение на посланието кое братот Стефан Лазаревиќ му го испратил на Тамерлан.
Косовската битка, 500 години стара фламанска таписерија во францускиот замок Шенонсо.

Таа се вратила во Србија во 1403 година, а подоцна и трајно се населила во дворот на својот брат, деспотот Стефан во тогашната престолнина во Белград. Тоа траело се до неговара смрт.
Принцезата Оливера повеќе никогаш не се омажила и немала никакви потомци. Се верува дека починала по 1444 година и не се знае каде е закопана. Оливера Лазаревиќ е најмладата ќерка на кнезот Лазар и кнегињата Милица. По смртта на Лазар во битката на Косово, кнегињата била п

Пронајдете не на следниве мрежи: