„Јади, Моли се, Уживај“ е роман кој изобилува со фантастична интелигенција, духовитост и речитост. Книга која плени и воодушевува.
Приказна за една Њујорчанка која уморна од модерниот живот одлучува да тргне на патување кое ќе и го промени животот… Книга која отвора нови видици и која ќе ја прочитате во еден здив.
Во продолжение прочитајте ги најубавите цитати од книгата…
„Ова беше момент кога требаше да барам лек во мирот, кој доаѓа од самотијата.“
„Знам како е да се сака нешто. Знам кои чувства ги буди желбата.“
„Единствената понезамислива работа од заминувањето беше останувањето, единствената поневозможна работа од останувањето беше заминувањето.“
„Вистинската мудрост е онаа која ти го дава единствениот возможен одговор во дадена ситуација, а таа ноќ единственото решение беше повторното заспивање.“
„Како да продолжиш со преговарање кога си понудил сè?!“
„Во очајната љубов секогаш ги измислуваме ликовите на нашите партнери, барајќи од нив да ја задоволат секоја наша потреба, за потоа да се најдеме пред уништување, кога тие ќе одбијат да ја играат улогата која сме им ја дале.“
„Мојата сила е поголема од онаа на Депресијата, а мојата храброст е далеку поголема од онаа на Осаменоста – ништо на светот не може да ме умори.“
„Не се извинувај за тоа што плачеш. Без таа емоција сме само роботи.“
„Пораснавме во нешто што никој не би можел да предвиди кога бевме деца. Наспроти сите предвидувања, секоја од нас си создаде живот што и одговара. Нејзината осаменичка природа значи дека и треба семејство за да ја чува од осаменоста, а мојата дружељубивост значи дека јас никогаш нема да се грижам за самотијата, дури и кога сум сама.“
„Подобро да ја живееш сопствената судбина во несовршенство, отколку да бидеш совршена имитација на некој друг.“
„Не знаеш ли дека тајната да разбереш некој град и неговите луѓе, е да научиш кој е „зборот на улицата“. Ако можеш да им ги читаш мислите на луѓето додека поминуваат покрај тебе, ќе откриеш дека повеќето од нив имаат иста мисла. Која е мислата на мнозинството, тоа е зборот на градот. А, ако твојот личен збор не одговара на оној на градот, тогаш навистина не припаѓаш таму.
-Кој е зборот на Рим? – прашав јас.
-Секс, – нагласи тој.“
„На крајот на краиштата тоа што мислиш, е тоа што си. Вашите чувства се робови на вашите мисли, а вие сте роб на вашите чувства. Конците од вашите чувства ги влечат вашите мисли, а вас ве влечат вашите чувства.“
„Наместо со сила да се обидуваш да истераш некои мисли од твојот ум, дај му нешто поинтересно да си игра. Нешто поздраво.
-Како на пример?
-Љубов!“
„Мацо премногу посакуваш! Престани веќе еднаш да ја влечкаш таа вреќа сп глупави желби како некој пијан Дедо Мраз!“
„Постојат само две прашања во целата историја на расата, за кои луѓето отсекогаш се убивале меѓусебно: -Колку ме сакаш? и –Кој е главен? Сè друго може некако да се среди. Но овие две прашања на љубов и контрола нè разнебитуваат сите, нè залудуваат, нè мамат и предизвикуваат војна, тага и страдање.“
„Љубовта секогаш е комплицирана. Но, сепак, луѓето мораат да се обидат да се сакаат. Мора понекогаш да се скрши по некое срце. Тоа е добар знак, да се има скршено срце. Тоа значи дека сме се обидувале да постигнеме нешто.“
За оваа книга во 2011 година се сними и филм, каде што улогата на Елизабет Гилберт ја толкува Џулија Робертс.
Доколку не сте го погледнале филмот, ниту пак сте ја прочитале книгата – сега е време да го направите тоа! Но, не пропуштајте да ги прочитате и цитатите од книгата „Рингишпил“ на Јелена Бачиќ Алимпиќ и извадокот од книгата на Пауло Коелјо „Ракописот од Акра“.
Приказна за една Њујорчанка која уморна од модерниот живот одлучува да тргне на патување кое ќе и го промени животот… Книга која о