Најупорната Украинка го оствари својот сон: прва со диплома во семејство кое едвај врзувало крај со крај!

Ниту еден од родителите на Јелена нема универзитетска диплома. Двајцата работеле напорно за малку пари за време на комунистичкиот режим во Украина. Во 1999, со надежи дека ќе обезбедат подобра иднина за своите деца, тие ги спакувале сите работи и со шестте деца, сите помлади од 6 години, избегале во САД. Јелена сакала да студира и да има добра иднина и со тоа да го направи она што нејзините родители го посакувале за неа и го ризикувале животот за да и’ го овозможат. Знаела дека мора да пронајде начин за финансирање на факултетот. Денес, таа е најстара од десетте деца во семејството и првата која дипломирала на факултет.
Студирала на приватен универзитет со годишна школарина од 20.000 долари и дипломирала како една од најдобрите студенти во генерацијата, со диплома во финансии и економија, со студентски долг од само 4.500 долари. Како успеала да го постигне тоа самата?
Нејзините родители немале доволно пари за пристоен живот и таа морала да ги преземе работите во свои раце. За време на последната година во средното училиште го трошела слободното време за барање и пријавување за стипендии. Ги замолувала своите професори, ментори и училишните администратори за препораки и информации за можни стипендии.
Додека праќала пополнети пријави за секакви стипендии, таа открила фондација во нејзината околина која собира донации за фундирање на стипендии. Фондацијата и’ овозможила да се пријави за уште многу повеќе стипендии.
Јелена се пријавувала за секаква стипендија за која може, без разлика на сумата. Потоа, се обидела да пронајде стипендии и преку „Гугл“. Едноставно, напишала „стипендии“ во пребарувачот и ги разгледала сите. Тогаш дознала за многуте опции кои им се нудат на оние кои сакаат да учат…
Повеќе на mkd-news.comЈелена сакала да студира и да има добра иднина и со тоа да го направи она што нејзините родители го посакувале за неа

Пронајдете не на следниве мрежи: