Ви препорачуваме за десерт да подготвите штрудла со јаболка!Потребно е:
1/2 кг готови кори 1 кг јаболка 4 л. лебни трошки 4 л. шеќер во прав цимет маргарин
Начин на подготовка:
Јаболката се лупат и се рендаат. Се редат две кори една врз друга а мегу нив се попрскува растопен маргарин. Врз втората кора на едниот крај се става дел од ренданите јаболка, се наросува лебни трошки и шеќер во прав и малку цимет. Се витка во ролат. Постапката се повторува додека се потрошат корите. На крај се попрскува со останатиот маргарин и се пече триесетина минути на 200 степени. Испечената штрудла се покрива со алуминиумска фолија за малку да омекне. Кога ќе се излади се попрскува со шеќер во прав.Потребно е:
1/2 кг готови кори 1 кг јаболка 4 л. лебни трошки 4 л. шеќер во прав