НАЈВКУСНИТЕ ЛЕДЕНИ КОЦКИ што ќе ги пробате!

Подгответе превкусни ледени коцки, следејќи го овој рецепт…Потребни состојки:
За Бисквит:
6 јајца
6 лажици шеќер
2 лажици масло
3 лажици какао
6 лажици брашно
1 прашок за печиво
За прелив:
Половина чаша (100 мл) шеќер
Една чаша (200 мл) вода
За крем:
750 мл млеко
2 пудинзи од ванила
1 лажица густин
10 лажици шеќер
250 г маргарин
1 ванилин шеќер
За глазура
130 г чоколадо за готвење
6 лажици масло

Постапка:
1.Јајцата и шеќерот изматете ги со миксер, додадете масло и на крајот брашно помешано со какао и прашок за печиво. Смесата прелијте ја во тепсија (26х38см). Испечете го бисквитот и кога ќе биде изладен прелијте го со врел прелив.
2.За прелив: сварете ја водата со шеќерот.
3.Крем: 250 мл млеко измешајте со пудинг и густин, а на остатокот од млекото додадете му го шеќерот и зовријте го. Во врелото млеко истурете ја смесата со пудингот и мешајте додека да добиете густ крем. Оладете со повремено мешање за да не фати кора.
Во ладниот крем додадете пенасто изматен маргарин со ванилин шеќер, и миксајте малку подолго за да биде кремот повеќе воздушест. Премачкајте преку бисквитот и оставете во фрижидер да се стегне преку ноќта.
Следниот ден ставете ја глазурата: чоколадото стопете го на пареа и измешајте го со маслото.
 Потребни состојки:
За Бисквит:
6 јајца
6 лажици шеќер
2 лажици масло
3 ла

Пронајдете не на следниве мрежи: