Најздравите храни на светот што МОРАТЕ редовно да ги внесувате

 
Не им верувајте на многубројните диети и  шејкови за намалување на телесната тежина: Здравата исхрана е многу полесна отколку што мислите. Се што ви е потребно е малку знаење и волја за да бидете здрави, фит и полни со енергија. Во продолжение ви доставуваме неколку од најдобрите извори на витамини и хранливи состојки што морате секојдневно да ги јадете.
  
-Јаболка:  Се чини дека изреката да се јаде едно јаболко дневно е точна, со оглед на фактот дека едно јаболко со средна големина содржи 116 калории и 5 грама растителни влакна. Ова овошје содржи извесна состојка наречена пектин, што помага да се ослободиме од лошиот холестерол и го намалува ризикот од срцевите заболувања. Лушпата од јаболкото содржи високо ниво на антиоксиданти.
-Леќа: Леќата содржи 15.6 грама прехранбени влакна и 18 грама протеини, што пак придонесува за обновувањето на клетките. Оваа храна е богата со железо, и придонесува во зголемувањето на црвените крвни зрнца, а со тоа и ја обновува енергијата.

 
-Маслиново масло: Типично за Медитеранската исхрана, маслиновото масло го содржи корисниот вид на моносатурирани масти, што помагаат да се намали нивото на холестерол и ризикот од срцеви заболувања. Антиоксидантот по име полифенол што маслиновото масло го содржи, помага да се спречи оштетувањето на клетките. Иако е здраво, сепак треба да се внимава на внесената количина со оглед на калориите што ги содржи.
-Јогурт: Богат со калциум, протеини, цинк и витамин Б, јогуртот е неопходен во секојдневната исхрана. Одличен начин на консумирање е ако го искомбинирате со овошје или мед
-Бадеми: Една чаша бадеми содржи 30 грама протеини и 20 грама прехранбени влакна. Исто така, содржи и моносатурирани масти, што помагаат да се намали нивото на холестерол во крвта. Бадемите се одлична алтернатива за чипсот, и други видови на ужинка.
 
  
-Јаболка:  Се чини дека изреката да се јаде едно јаболко дневно е точна, со оглед на фактот дека едно јаболко со средна големин

Пронајдете не на следниве мрежи: