НАЌЕВА КАВРАКОВА: Граѓаните да пријават незадоволство од градежните инспектори

Сите граѓани кои се незадоволни од работата на овластените градежни инспектори или пак имаат одредени прашања од областа на градежништвото и урбанизмот да се обратат до инспекторатот, вели директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Марина Наќева Кавракова, во интервју за Економски.ЕКОНОМСКИ: Од вашите искуства на теренот, колку се почитува законот за градење во Македонија?
НАЌЕВА КАВРАКОВА: При редовните инспекциски надзори кои ги врши Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам можам да потврдам дека сите учесници во изградбата на градби од прва категорија ги почитуваат пропишаните законски обврски. Во овој период се изведуваат поголем број на градби кои се од значење на Републиката, градби во технолошките индустриски развојни зони, градби од областа на културата како и градби од втора категорија од локално значење. Изведувањето на градбата инвеститорот ја започнува со добивање на одобрение за градење. Олеснителна околност е тоа што постапката се спроведува и на електронски начин, во која се пропишани законски рокови кои се почитуваат доколку е доставена комплетна документација. Исто така од суштинско значење е и обврската инвеститорот да ја довери работата на правни лица кои поседуваат лиценци за изведување на градби како и правни лица за надзор на изградбата, каде со законот им се пропишани законските обврски кои треба да ги почитуваат. Што се однесува пак на градбите од втора категорија каде спаѓаат и градби за индивидуално и семејно домување состојбата е малку поразлична и овде сеуште неможеме да се пофалиме со целосна и доследна примена на Законот за градење. Над оваа категорија на градби работите на инспекциски надзор ги вршат овластени градежни инспектори на општините.
ЕКОНОМСКИ: Кои се најчестите прекршоци, и какви се санкциите?
НАЌЕВА КАВРАКОВА: Законот за градење претрпе повеќе измени и дополнувања се со цел да се олеснат процедурите за добивање на одобрение за градење но и истите да се почитуваат како од страна на учесниците во изградбата така и од страна на надлежните органи кои издаваат одобренија за градење за градби од прва и втора категорија. Најчести прекршувања на законските одредби за градби од втора категорија се: непријавување на почеток на изградба; одстапувања од заверен основен проект; учесниците во изградбата се со несоодветни лиценци и овластувања за објектот кој го изведуваат; инвеститорот- проектирањето,ревизијата,изградбата и надзорот не ја доверува на лица кои ги исполнуваат работите за вршење на соодветната дејност; изведувачите доста често не го формираат,уредуваат градилиштето и истото не го обезбедуваат; инвеститорот го употребува објектот без одобрение за употреба, како и го употребува без извршена пренамена на одредени делови од објектот. По утврдените неправилности од страна на овластениот градежен инспектор се случува инвеститорот и изведувачот да го прекршат законот со тоа што не постапуваат по донесеното решение за прекинување на изградбата. Освен прекршоци на учесниците во изградбата за кои е предвидена глоба, предвидени се и глоби за одговорни и службени лица во надлежниот орган.
ЕКОНОМСКИ: Инспекторатот веќе не врши технички прием при пуштање на новите објекти за домување во употреба. Како се контролира дали тие ги исполнуваат потребните стандарди?
НАЌЕВА КАВРАКОВА: Објектите за домување се градби од втора категорија, и истите се ставаат во употреба по изготвување на позитивен извештај за извршен технички преглед од страна на надзорниот инженер, а извештајот на надзорниот инженер пак го одобрува градоначалникот на општината каде е изведен објектот. 
Повеќе на следниот ЛИНКЕКОНОМСКИ: Од вашите искуства на теренот, колку се почитува законот за градење во Македонија?
НАЌЕВА КАВРАКОВА

Пронајдете не на следниве мрежи: