Бројот на невработени во Кавадарци и Росоман од 12.000 падна на 2,5 илјади активни баратели на работа за 15 години.Ова го кажа Благојчо Борисов, раководител на Центарот за вработување во Кавадарци, за време на отворениот ден кој Центарот денеска го организираше во Росоман, на кој невработените беа запознати со актуелните мерки за вработување.
Борисов појасни дека со мерките за вработување имаат четири целни групи и тоа лица до 29, од 20 до 35, над 35 односно до 50 години и работодавачи.
– Целта е што подалеку да се слушне за овие мерки да дојдат до секој човек. Со невработеност од околу 12-13 проценти, ние сме меѓу најдобрите општини во државата, рече Борисов.
Со активните мерки во Кавадарци и Росоман од 2007 до денес се вработиле околу 2.500 луѓе. Техничките дисциплини се најбарани занимања за работа и се во недостаток. Тоа е за високообразованиот кадар, а истото важи и за образовно понискиот кадар за работници.
– Можам да кажам дека има едуцирани работници, но работат несоодветни занимања како таксисти, а со овие мерки сакаме да ги доообучиме таквите лица и да ги ставиме на пазарот за полесно да дојдат до работа. Тенденција е за околу две години да се достигне невработеност од 5 отсто, што би бил европски стандард, нагласи Борисов.
Има занимања што се бараат, како градежни, машински и електро-инженери. Тие недостигаат на пазарот, не само во Кавадарци туку и на ниво на држава. Истото важи и за бравари и дреари.
– Со активните мерки, тие работници ќе ги дообучиме и газдите ќе ги земат на работа како квалификувана работна сила, додаде Борисов.
Од активните баратели најчесто бараат работа кандидати со средно образование. Има и правници и со економски и општествени науки, а има и по некој магистер и доктор на науки.Ова го кажа Благојчо Борисов, раководител на Центарот за вработување во Кавадарци, за време на отворениот ден кој Центарот денеска го организираше