Околу еден милион пациенти во 2015 добиле здравствена услуга во скопските поликлиники. А во првите шест месеци годинава двојно е намален бројот на болни препратени во Клинички во однос на истиот период лани кога на терциерно ниво биле упатени околу 30.000 пациенти, пренесува Сител.Доближувањето на специјалистите поблиску до местото на живеење на пациентите и добрата организација во установата се дел од поводите Здравствен дом Скопје да добие две награди на престижен форум во Кан, за најдобра медицинска институција во регионот и за менаџер на годината.
– Доближени јавни здравствени услуги, воведување нови дијагностички и терапевтски методи, отварање на нови 24 специјалистички кабинети и висока реализација од 94 проценти на комплетно обработени пациенти, а само 6 проценти препратени на терциерно ниво, дава слика на рационална искористеност и системска заштеда на здравствениот денар, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
-Ова е повод и во иднина како менаџерски тим да продолжиме со стратешките планови, изјави Бесим Кока, економски директор во Здравствен дом Скопје.
Здравствен дом Скопје на територијата на главниот град има 58 медицински објекти, а установата има 1100 вработени.Доближувањето на специјалистите поблиску до местото на живеење на пациентите и добрата организација во установата се дел од поводите Здравствен дом