Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека магла со видливост од 30 до 50 метри има на Попова Шапка.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15 минатиот месец стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март следната година.Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека магла со видливост од 30 до 50 метри има на Попова Шапка.
АМСМ