ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека постигнатото најниско ниво на невработеност од 22,9 проценти е реално и оти од него бенефит имаат и граѓаните и државата.Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција укажа на статистичките податоци дека заклучно со крајот на првиот квартал годинава во Македонија се вработени 734.000 граѓани или 20.000 повеќе во однос на истиот период лани. Бројот на невработени лица е намален за 13.000, рече Мицковски, дополнувајќи дека со мерките и активностите кои ги презела Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ практично се анулирале негативните ефекти од, како што наведе, најцрниот период во независна Македонија, криминалната транзиција која што ја спроведе СДС“.
Мицковски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ изминатите години со напорно работење, воведување активни мерки за вработување, ниски даноци, политика на странски инвестиции, поволна бизнис клима, оперативни планови на Владата за вработување, придонеле невработеноста да се намали на историски најниски 22,9 проценти.
– Една од суштинските компаративни разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е фактот што во 2006 година Владата на СДС ја остави Република Македонија со 38 проценти невработеност, а во првиот квартал од 2017-тата година невработеноста изнесува 22,9 проценти и е на историско најниско ниво. Додека ние спроведувавме проекти и мерки, реализиравме отворање нови работни места, СДС водеа деструктивна политика, блокираа и уценуваа за сметка на својот личен интерес. Но, и покрај се, успеавме да реализираме намалување на повеќе од 15 проценти на стапката на невработеност, со што помогнавме да го зголемиме стандардот на граѓаните и да им овозможиме услови за поквалитетен живот, рече Мицковски.
Од 2006-та година до денес, додаде, отворени се 175.000 нови работни места. Тоа е конкретно исправање на неправдата која беше нанесена на над 200.000 семејства чии членови заради криминалната транзиција и затворањето на приближно 700 фабрики останаа на улица. Постигнувањето, посочи, е уште поголемо затоа што последните години мерките се реализираа во услови на длабока политичка криза во која што СДС ја втурна државата.
Мицковски рече дека очекувањата на граѓаните се да продолжи и понатаму трендот на воведување мерки и реализирање проекти за подобрување на квалитетот на животот, како и на нивниот животен стандард.
– Граѓаните очекуваат СДС да престане да глуми опозиција и да се занимава со беспредметни манипулации. Граѓаните очекуваат СДС да ги исполни ветувањата и да овозможи нови 64.000 работни места, просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5 проценти, рече Мицковски.Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција укажа на статистичките податоци дека заклучно со крајот на првиот квартал годин