Намалување на загадувањето: Скопје ќе добие 50 електрични автобуси

Градот Скопје ќе набави 50 електрични автобуси како дел од проектите на кои во изминатиот период се работело, а се со цел намалување на загадувањето во Скопје кое е еден од поголемите проблеми на градот.Доктор Александар Митов вели дека во урбаните средини загадувањето е најчесто сконцентрирано покрај најпрометите сообраќајници.
-Токму заради големата фреквенција на возилата, а затвореноста на сообраќајниците од двете страни со високи згради доаѓа до концентрација на загадување. Тоа придонесува до зголемување на несаканите ефекти за здравјето токму кај граѓаните кои живеат во тие зони, кое пред се се однесува на астма кај децата, нарушена белодробна функција, како и нарушување на кардиоваскуларниот систем и срцеви заболувања. Мерките кои беа презентирани се однесуваат на подобрување на квалитетот на воздухот во тие зони, но и сеопшто подобрување. Може со сигурност да очекуваме дека како расте бројот и употребата на електрични возила, така ќе доаѓа до пад на загадувањето во урбаните средини. Ова е тренд присутен во цел вет, и Норвешка и Холандија веќе најавија дека во 2025 година ќе рестанат со продажба на нови неелектрични возила, вели Митов.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера го промовираше новиот пакет мерки за автомобилизам и заштита на животна средина.
Во однос на набавката на новите електрични автобуси тој истакна дека истата би била повеќегодишна, а средствата би ги покривале заеднички владата и градот Скопје по половина.
-Со набавката на 20-те дводелни електрични автобуси ќе се постигне истиот еколошки ефект како за изградба на трамвај кој чини неколкукратно поскапо, а и трамвајот и електричниот автобус имаа речиси нула загадување. Иако се планираше, трамвајот не се реализираше само заради високата цена која ја побараа сите производители и можни концесионери, и со која за да има приближно иста цена како автобусот, требаше две третини од цената да ја субвенционира државата, што заедно со инвестицијата за копање и поставување шини, како и набавка на возилата трамвај, ќе ја чинеше државата годишна субвенција меѓу 11 и 14 милиони евра во период од 30 години. Тоа беше крајно неисплатливо, и затоа не се реализира, и покрај нашите големи обиди и разговори со многу производители. За разлика од тоа, набавката на 20 те зглобни дводелни електрични автобуси со дизајн на трамвај, не само што ќе го постигне истиот еколошки ефект, истиот број на кабини со ист број патници во него, истата брзина овозможена со резервираната лента, исто како кај трамвајот, удобност и слично, туку што е клучна разлика ќе избегне раскопување на целиот град во период од неколку години и побрза реализација и најважно цена за се на се, само околу 12 милиони евра, проценета вредност, кои ќе се исплаќаат во неколку годишни рати. Дополнително ЈСП ќе нема трошоци за гориво. Понуда од ваков тип ќе биде овозможена и на другите општини кои имаат јавен градски превоз, истакна Груевски.
Тој додаде дека имајќи во предвид дека освен автобусите, такси возилата се најчести учесници во дневниот сообраќај, ќе се стимулира создавање на такси компании само со електрични возила.
-Со измена на регулативата, ќе овозможиме такси компаниите кои ќе имаат само електрични возила да бидат ослободени од сите давачки кон градот кои ги имаат останатите такси компании, како и да добијат неповратни 5.000 евра грант за секое ново електрично возило што ќе го набават. Полнењето со енергија на тие автомобили ќе биде бесплатно на сите државни паркиралишта во наредните 10 години. Треба да се има во предвид дека енергенсот односно бензините, дизел горивата или плинот на кој работи такси возилото е и најголемиот трошок на таксистите. Сега доколку се набави ново електрично возило, покрај поволностите кои следуваат за сите останати граѓани кои ќе се одлучат за ваков тип на возило, таксистите ќе се помогнат со неповратен грант од 5 илјади евра како и полнење на автомобилот кое ќе биде бесплатно за нив во рок од 10 години, истакна вчера Груевски.Доктор Александар Митов вели дека во урбаните средини загадувањето е најчесто сконцентрирано покрај најпрометите сообраќајници.
-Токму зара

Пронајдете не на следниве мрежи: