Намалувањето на невработеноста останува во фокусот

Намалувањето на невработеноста останува во фокусот на Владата. Државата преку сет мерки продолжува да ги стимулира компаниите да отвораат нови работни места, но ги поддржува и оние кои имаат идеја за сопствен бизнис, а немаат доволно капитал да ја реализираат, пишува Лидер.Грантови за самовработување – помош до 3.500 евра!
Годинава преку програмата за самовработување е предвидено да се поддржат 920 новоотворени микро претпријатија. Се очекува да се креираат околу илјада работни места. За секое самовработување се даваат неповрати средства од вкупно 201.600 денари. 185 илјади денари се директна поддршка за набавка на опрема и репроматеријали, со 16.600 денари се вршат обуки за претприемништво и за бизнис.
„Обуката ми помогна да го подобрам своето разбирање за тоа што всушност е бизнисот и како да бидам пореална во проценките“ – вели сопственичката на цвеќарница, Велика Трајановска.
„Сите невработени кои имаат идеја да го формализираат својот бизнис се повеќе од добредојдени да аплицираат во Агенцијата за вработување, заклучно со 29 јануари. Ќе добијат поддршкаод државата од најмалку 3.500 евра“ – вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Како што пишува Лидер, преку оваа мерка, најдобрите и најодржливите бизниси добиваат помош и до 257 илјади денари, а ако се вработи плус уште едно лице, се алоцираат дополнителни 92 илјади денари.
Мерките опфаќаат повеќе категории граѓани
Активните мерки за вработување опфаќаат повеќе категории граѓани: невработени, млади, возрасни, лица во социјален ризик. На пример, преку комбинираните мерки за обука и за субвенционирано вработување се таргетираат социјално – ранливите категории, долгорочно невработените, постарите лица над 50 години, како и млади до 29 години. Со 44 милиони денари е предвидено да се вработат 333 невработени луѓе.
„Предвидена е субвенција за обука од 6.200 денари месечно по лице, во период од три месеци, како и субвенција за плата за лицата кои ќе бидат обучени во износ од 19 илјади денари месечно во период од шест месеци. Вкупно средства кои може да ги искористи една компанија за да вработи невработено лице преку овие мерки за обука и субвенционирано вработување изнесува 132 илјади денари“, објаснува заменик – министерот, Диме Спасов.
Освен за невработени, преку овие мерки се очекува да се вработат уште 100 млади луѓе до 29 години. Досега оваа комбинација отворила 660 работни места, вели порталот Лидер.
„Ова е можност за сите оние кои немаат квалификации, познавање или некое занимање, во период од три месеци да стекнат работно искуство, потоа да добијат субвенционирано вработување во траење од шест месеци. Работодавачот има обврска лицето да го задржи на работа уште 12 месеци“ – вели директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.
8.700 вработувања со Оперативниот план!
Оперативниот план на Владата за годинава предвидува да се вработат 8.700 луѓе. Со мерките вкупно ќе бидат опфатени 13.500 луѓе.
„За оваа цел ќе бидат инвестирани 11,5 милиони евра, кои се предвидени во Буџетот на Република Македонија и се изгласани во Собранието. Ова ќе биде уште еден придонес кон намалување на невработеноста, односно зголемување на вработеноста. На многу луѓе кои во моментот немаат вработување, преку серијата мерки кои се влезени во Оперативниот план, а кои ги има околу 20, ќе им биде овозможено вработување“ – рече на почетокот на годинава, Никола Груевски.
Според универзитетскиот професор, Јован Пејковски, активните мерки ги поттикнуваат фирмите да вработуваат, со што се затвора магичниот круг.
„Работодавачите се стимулирани да ангажираат работна сила со тоа што трошоците за неа ги покрива државата. Во овој случај, во една синергија на повеќе мерки, како и инвестиции, и домашни и странски, како и поттикнувачки мерки и активни политики се влијае на невработеноста. Се ангажираат луѓе кои добиваат плата, тие потоа ја трошат платата, со што се мултиплицира ефектот“ – објаснува Пејковски.
„Македонија вработува“ – отворени над 11 илјади работни места
Преку проектот „Македонија вработува“ досега се отворени над 11 илјади работни места, а бенефициите ги искористиле повеќе од 6.600 домашни компании.
„Државата ги плаќа придонесите и ние сме ослободени од голем дел од средствата, не сме оптоварени да ги плаќаме. Овие пари остануваат во компаниите“ – вели сопственикот на „Дока текстил“, Тони Пандев.
Со проектот се вработуваат невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, но и луѓе постари од 58 години.
„За ССМ овој проект е можност за поттикнување на вработувањето, но од друга страна и за јакнење на сигурни работни места. Со него за првпат се решава проблемот на една повозрасна категорија граѓани над 50 и над 58 години“ – вели првиот синдикалец, Живко Митревски.
Невработеноста ќе продолжи да се намалува
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека невработеноста во земјава се спуштила на 25,5 проценти, историски најниска досега. Се зголемува и стапката на вработеност. Во однос на 2006-та година, има 150 илјади новоотворени работни места.
„Ова е резултат на добрите економски политики, пред сè на одржувањето на извонреден амбиент за водење бизнис. Се работи за сериозен исчекор во борбата против најголемиот проблем во Македонија, а тоа е невработеноста. Со секое ново работно место се создава подобра перспектива, иднина за оној што се вработува и затоа ќе останеме посветени на понатамошно намалување на невработеноста со сите мерки, политики и проекти. Целта е стапката на невработеност да се сведе под 22 процента до 2018-та година“ – вели вицепремиерот Зоран Ставрески.Грантови за самовработување – помош до 3.500 евра!
Годинава преку програмата за самовработување е предвидено да се п

Пронајдете не на следниве мрежи: