Намерите на Заев водат кон поделба на Македонија!

Тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нема храброст да го каже сам, го кажаа неговите соработници од албанските политички партии во опозицијата за кои и самиот призна дека со нив има добра соработка.Заев ја кажа својата намера- ако дојде на власт, цела Македонија ќе ја направи двојазична.
-Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?, рече Заев.
На оваа негова изјава бурно реагираа македонските граѓани и експерти, а со своја реакција се јави и ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија е против воведување на двојазичноста на цела територија на земјава.
По реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, се јавија соработниците на Заев од албанскиот блок.
Претседателот на Движењето за реформи ДПА и градоначалник на Струга, Зијадин Села го изговори она што Заев го премолчи за својот план. Тој бара поделба на Република Македонија.
-Ако за ВМРО-ДПМНЕ албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, тогаш Македонија нека се подели на две федерални единици – албанско и словенско говорно подрачје“, напиша Села.

Заев во трка по албански гласачи гази врз Македонија
Лидерот на СДСМ не крие дека антимакедонската политика има единствена цел, да им се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој што сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи, рече Заев.
ВМРО-ДПМНЕ: Гласно НЕ за идејата на Заев за воведување на двојазичност низ цела Македонија.

Интегрален текст од прес конференција на Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:
ВМРО-ДПМНЕ е против воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Изедначување на македонскиот и албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ.
Со најавите за воведување на двојазичност на цела територија на Република Македонија се напаѓа Уставот и уставното уредување на оваа држава, целосно се излегува надвор од Уставот и уставно загарантираните права на етничките заедници и за жал се отпочнува процес кој никој на крај не знае дали ќе заврши со федерализација или целосно распарчување на Република Македонија.
Уставот јасно вели дека на целата територија на Република Македонија службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, а друг јазик кој го говорат најмалку 20% од граѓаните исто така е службен во единиците на локална самоуправа каде што тие живеат во мнозинство или значителен број.
Социјалдемократскиот сојуз во очај почнува да тргува со националните и државни интереси и прави огромна штета на Република Македонија.
Аболицираниот Зоран Заев се пазари со се што е свето во оваа земја, најавувајќи пред некој ден дека сега му било мајката да се редефинира државата. Со ваквите очајнички потези Заев ја клекнува Република Македонија на колена и ги урива позициите кои одамна се усогласени и се внесени во македонскиот Устав.
Става на маса и нуди прашања кои воопшто не смее да бидат тема на дневен ред бидејќи за нив одамна се поставени правилата во Уставот во оваа држава. Република Македонија не е негова сопственост, ниту сопственост на групацијата околу него која очајнички би сакала да дојде на власт.
Тоа што Зоран Заев го става сега на маса, значи дека граѓанинот од Радовиш или Пехчево, или Велес или Прилеп доколку побара итна медицинска помош, а дојде доктор кој зборува албански со него ќе треба да комуницира на албански јазик. Доколку пензионер во Струмица, Гевгелија, Охрид или Битола треба да подигне пари од банка, а на шалтер работи службеник Албанец, тоа значи дека пензионерот ќе треба да се обраќа на албански јазик. Доколку земјоделец од Новаци, Облешево или Босилово треба да аплицира за субвенција, а одговорниот службеник говори албански, тогаш и земјоделецот ќе треба да комуницира со него на албански.
Ветувањата на Заев ги загрозуваат националните интереси: граѓаните и експертите на нозе против двојазичноста
Аналитичарот и новинар Васко Ефтов на својата Фејсбук страна сликовито го објасни ова однесување на лидерот на опозицијата.
„Дали со албанските гласови, СДСМ и Зоран Заев можат да победат на изборите? Апсолутно Не. Второ, Зошто му се потребни албанските гласови? Да има “утакмица”. Ако го отвора т.н. “албанско двојазично прашање”, на 90 дена пред изборите, тогаш тоа треба да биде суштински дел од изборната кампања на СДСМ. Сто друго може да прави Зоран Заев? Да зборува за корупција? Мислите дека со сите афери во Струмица може да го прави тоа!? Да зборува за социјална политика? Мислите дека со Радмила Шекеринка како негова десна рака може да го прави тоа!?“-пишува Ефтов и продолжува:
„Зошто му е потребно да го отвора албанското прашање? Бидејќи секоја политичка криза во Македонија ( и оваа и таа во 2001 година ) завршуваат со широка влада ( во каква била варијанта ) и со некоја форма на Рамковен Договор каде се зголемуваат правата на Албанците. Затоа Заев сега изјавува дека на парламентарните избори ќе победи кај Албанците и дека Али Ахмети и Мендух Таци ќе ги остави зад себе. Всушност Зоран Заев во 2016 сака да го глуми Али Ахмети од 2001-ва. Тој ја отвори политичката криза со бомбите и тој бара нов Рамковен Договор за зголемување на правата на Албанците. Зошто? За да биде дел од широка влада по изборите! На Заев му е јасно дека со овој СДСМ не може да победи на изборите и да ја формира новата влада. А таа широка влада ќе треба да спроведува Нов Рамковен Договор.“
Зоран Заев, за да ја спаси својата кожа спремен е да ја „продаде“ Македонија.
„Ни потврди Црпко со својот проект за билингвална Македонија. Вели дека тој со сите ризици што ги презел, решил да ја детабуизира Македонија. Уште вели дека сега му била мајката да дефинираме каква земја ќе градиме за во иднина. Само тој и неговиот жрец-толкувач или преведувач Геро ,,мислат“ дека тоа што е опасно глупаво, е храбро и мудро визионерство. По оваа дефиниција јасно се гледа дека Зоран Заев е припадник или обожавател на ИСИЛ. ИСИЛ, по оваа логика денес е најголемиот детабуизатор на Блискиот и Средниот исток, но и во Северна Африка. И овој платенички и фанатизиран конгломерат мисли дека баш сега му е мајката да ги редизајнира серијата држави кои ги нападна. Од црпковата почетна замисла до реализацијата на ветувањето дека ќе јадел живи луѓе (еквивалент на јавното сечење глави) с` се вклопува како интегрален дел од визијата на ИСИЛ за евроатлански интеграции. “-пишува Мирка Велиновска во својата колумна.
„Што има лошо во тоа? Прашува тој и веднаш резолутно одговара. Ништо. Нормално, ненормално за штрапани. Зошто Македонија треба да стане двојазична? Врз основа на која аргументација? Врз основа на рамковната со измислен процент на присутност? Врз основа на НАТО-окупација? Врз основа на територијалната поделба скоцкана по воената линија на разграничување повлечена со супервизија на НАТО во време кога траеја преговорите во Охрид и прогласено примирие кое УЧK со благослов на НАТО го кршеше? Зошто пописот од 2002 година остана оспорена и неверодостојна операција која одби да ја верифицира претседателот на државната комисија, Зоран Kрстевски? И зошто мораше да се прекине следниот по само три дена? Зошто Хавиер Солана, еден од ,,олеснувачите“, а всушност силувачите на Македонија отворено побара резултатите да се наштимуваат така за Албанците да не бидат под 20 отсто? А оваа негова изјава остана табу за македонската јавност, иако спаѓа во екстремно мафијашките и фашистички практики. Kако што е ново табу и се она што е сврзано со фамозното прочистување на избирачкиот список од кој волшебно исчезнаа 190.000 т.н. албански фантоми или попознати контингенти гласачи кои своевремено ги обелодени Андреј Жерновски. Што табу ќе да беше за извесната БЕСА јавно да плаче за 30.000 гласачи кои дополнително, со секакви чудесни методологии, ДИK мораше да ги отстрани од генералниот избирачки список. Со такви реални проблеми се соочува Македонија благодарение на вакви црпковци и геровци и нив отворено, храбро и мудро ќе треба да ги разрешат идните македонски самосвесни и одговорни политички генерации. Оти почвата веќе е опасно загадена со секакви отрови. Бидејќи и Црпко Заев смета дека допрва сме требале да дефинираме во каква држава ќе сме живееле, а таа да личела на оние од ЕУ, ајде да го прашам ќе му држи ли бабулето оваа своја голема идеја да ја стави на референдум, па да дознае на српски ,,пошто боранија у пролеќе“. Kога веќе не разбира македонски.“-пишува Велиновска.
Очајнички потег и голема грешка на опозицијата, вака политичкиот аналитичар Александар Пандов ја оценува изјавата на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев за воведување албанскиот јазик за официјален на целата територија на државата.
– Мислам дека во овие 25 години плурализам и повеќепартиско живеење, не можам да се сетам на поочајнички потег на некој политичар. Со овој потег Зоран Заев покажува дека тој нема веќе надежи кај македонскиот гласачки електорат, туку се свртува да бара гласови од Албанците. Имавме прилика да го видиме како вели дека тој и неговата партија ќе победат. Тоа го прави во предизборен период кога очекуваме да чуеме какви програми и политики ќе донесат ако евентуално победат, но и со каков тим ќе настапат на престојните избори. Тој настапува на националистички начин и тоа го прави од албански позиции, рече Пандов во гостување во ТВ Нова.
Дијаспората категорична: Заев со двојазичноста ја редефинира и уништува Македонија!
Нашинците од повеќе делови на Австралија му порачуваат на Зоран Заев дека работи на штета на Република Македонија и дека со двојазичноста ја редефинира и уништува земјата.
-Лидерот на СДСМ не крие дека неговата антимакедонска политика има единствена цел, да се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси…. Сакаме да ја изразиме нашатазагриженост и револтот околу ова прашање кое го наметнува заев и не се откажува од идејата да ја втурне Македонија во бездна, порачуваат Македонците од Квинбијан.

Македонската заедница од Нов Јужен Велс со седиште во Сиднеј остро ја осудува изјавата на Заев дека е подготвен доколку дојде на власт да воведе двојазичност во сите градови на Македонија.  Тие бараат и оставка од лидерот на СДСМ!
Иницијативниот одборза Семкаедонско Обединување 2016-та шокирани од ваквата изјава на Заев велат дека овој политичар нема способност паметно да расудува, а најмалку да биде лидер на опозиција.
Македонската заедница од Перт е згорозена од тоа што, како што велат, заев без срам најавува двојазичност во цела македонија.
-За гласовите на Албанците тој е подготвен албанскиот јазик да стане официјален на територија на цела Македонија… Со тоа Заев го покажуваочајот од наредните избори и е жив пример што прави алчноста за власт, пари и моќ…. Македонскиот народ видел многу страдање, многу предавства и војни, но никогаш не запаметил ваква омраза која доаѓа со појавата на Заев, порачуваат тие.
Остри пораки и нота загриженост за ваквите изјави на човекот кој претендира да биде премиер, пристигнуваат и од Мелбурн.
Друштвото „Свети Наум Охридски“ од Мелбурн, порачува дека инсталирањето на двојазичност силно ги поткопува темелите и вредностите кои со векови се создавале.Заев ја кажа својата намера- ако дојде на власт, цела Македонија ќе ја направи двојазична.
-Зборував за употребата на албанскиот јазик, не

Пронајдете не на следниве мрежи: