На денешната 90-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија, пратениците расправаат по точката од дневниот ред со која треба да се обезбедат финансиски средства за работење на Специјалното јавно обвинителство.По оваа точка од дневниот ред се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски кој истакна дека пратениците од СДСМ се однесуваат како адвокати и полтрони и кон Катица Јанева и кон Специјалното јавно обвинителство.
-Жалам за Вашето полтронско однесување кон Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство и Ви благодарам што признавте дека сте во непосредна комуникација со Катица Јанева бидејќи ги знаете сите сегменти од нејзиното работење, истакна Мукоски.
Тој исто така реагираше и кон обвинувањата од страна на пратениците од СДСМ во врска со, како што кажаа тие, девалвирање на начинот на работа на Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство.
-Колега, немам намера да девалвирам работење на никого, ниту на Специјалното јавно обвинителство, ниту на Катица Јанева. Напротив, нејзините чекори ја девалвираат, нејзините намерни пропусти, нејзиното самоволно однесување во целиов овој случај ја девалвира нејзината работа. Самата си ја девалвира сопствената работа, заклучи на крајот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.По оваа точка од дневниот ред се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски кој истакна дека пратениците од СДСМ се однесуваат како адвокати и п