Натпреварот помеѓу Ливерпул и Дебрецен, одигран во 2009 година, е еден од двата натпревари одиграни во Лигата на шампиони, за кои кај Европол, постои сомнеж дека бил наместен.
Информацијата, прв ја објави данскиот таблоид „екстра Бладет“, а ја пренесоа водечките британски медиуми. Како што пишува таблоидот, во Ливерпул не знаеле за местенката, додека на Деберецен му било понудено да прими три и повеќе голови на тој натпревар. Понудата наводно била дадена од една обложувачка компанија од Сингапур, која свои претставништва има во 30 земји во светот. Иако Ливерпул 58 отсто од времето ја имал топката во свој посед и неговите фудбалери упатиле девет удари во рамките на голот, конечниот резултат на тој натпревар бил само 1:0. Голот паднал откако црногорскиот голман Вукашин Полексиќ по еден удар кон неговиот гол ја одбил топката до Кајт кој го постигнал единствениот гол на натпреварот.
MakфаксНатпреварот помеѓу Ливерпул и Дебрецен, одигран во 2009 година, е еден од двата натпревари одиграни во Лигата на шампиони, за кои кај Е