Наместо да продаваат демагогија и лажни ветувања, Заев и СДС да се фатат за работа

Граѓаните на Порој секојдневно го тестираат трпението и живеат со проблемите од нереализираните ветувања на овој човек. Јавноста веќе еден месец откако СДС ја води владата чека да види еден коструктивен и позитивен проект наместо манипулации и позирање, вели Александар Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ Тетово.Со секој поминат ден граѓаните се повеќе се уверуваат во несериозниот однос на Зоран Заев и СДС.
Еве денес се наоѓаме во селото Порој каде што и после еден месец од поплавите што го погодија ова населено место се уште состојбата на патиштата и мостовите не е нормализирана. И покрај ветувањата дека за една недела овие работи ќе се решат, чистењето е целосно запрено, а механизацијата е целосно повлечена.
Зоран Заев дојде, се фотографираше, им ветуваше на граѓаните и си замина. Освен позирање, граѓаните не видоа никаква полза од него.
Освен овој проблем, опасност за жителите претставува главниот мост на патот Тетово-Јажинце за кој има потврда и од Дирекцијата за заштита и спасување дека е премногу оштетен и опасен за сообраќај. Ветувањата кои ги даваше Заев и за санација на овој мост и изградба на неколку други како и сите останати ветувања од страна на СДС засега се само „мртва буква на хартија“.
Граѓаните на Порој секојдневно го тестираат трпението и живеат со проблемите од нереализираните ветувања на овој човек. Јавноста веќе еден месец откако СДС ја води владата чека да види еден коструктивен и позитивен проект наместо манипулации и позирање.
Го повикуваме Зоран Заев и СДС наместо да продава демагодија и лажни ветувања веднаш да се фати со работа и да почне да ги реализира ветувањата што ги даде пред граѓаните. Бараме веднаш да почнат со вистински и континуирани работни активности и изградба на брани се со цел да се реши овој горчлив проблем за жителите на село Порој и околните населени места.
Владата е таа која има одговорност да ги решава проблемите на граѓаните и тоа да го прави со конкретни дела и активности, а не само со празни зборови и ветувања.Со секој поминат ден граѓаните се повеќе се уверуваат во несериозниот однос на Зоран Заев и СДС.
Еве денес се наоѓаме во селото Порој каде

Пронајдете не на следниве мрежи: