Наместо да се огради и да ја отфрли Тиранската платформа, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски побара да се ограничат дискусиите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.На денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ го потсети Зоран Заев дека токму тој на вчерашното интервју изјави дека дебатата за сите проблеми во државата треба да се води во Собранието на Република Македонија.
– Во текот на вчерашниот ден од страна на претседателот на СДСМ имавме апел за дебата во собрание и за отворање на сите прашања како клучно место кое што е најзначајно каде што треба да се разговара за сите дилеми. Очигледно е дека во овој постизборен период се отворија многу дилеми кои што не беа дел од изборниот период и ние како Собрание на Р. Македонија имаме лична одговорност, а во текот на вчерашниот ден имавме и апел од претседателот на СДСМ да ги отвориме сите прашања во Собранието на Р.М и да разговараме. Од тука мислам дека дебатата е право на пратениците, гарантирана и со устав и со деловник Собрание на Р. Македонија. Иако постоеше апел од Заев во текот на вчерашниот ден, ние навистина очекуваме многу поголем интерес од пратениците од СДСМ и нивните коалициони партнери. Можам со жалење за истакнам дека од 50 пријавени за дискусија за денешната седница само 3 пратеници се пријавени од СДСМ. Еден ден викате апел да дебатираме, а денеска само 3 се пријавуваат за дискусија. Тоа излегува од корелација дека сакате демократски да ги дискутирате овие работи. Јас ги повикувам пратениците од сите партии да се вклучат во оваа дебата, верувам дека оваа дебата ќе помогне ќе им помогне на граѓаните да им се расчистат сите дилеми кои во последните 3 месеци беа отворени, рече Димовски.На денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ го потсети Зоран Заев дека