Наместо деструкција да се насочиме кон единство

Сите ние како граѓани треба да се запрашаме кон што се стремиме. Дали сакаме државата да оди напред или да се уназадува? Дали сето она што го направивме досега сакаме да го уништиме или да одиме кон просперитет на Република Македонија?, е дел од коментарот на Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска во врска со последните настани, во ексклузивно интервју за ТВ Нова.Таа зборуваше за штетата предизвикана од протестите на кои беа уништени неколку споменици и фасади во земјава, меѓу кои и Министерството за култура.
-Ваквиот начин е многу деструктивен и треба да се насочиме кон сплотеност.  Најстрого ги осудувам овие настани, рече Канческа Милевска.
Канческа изрази убеденост дека уметниците нема да дадат поддршка кон спречување на вакви настани и дека сите ќе ја почитуваат волјата на граѓаните слободно да се изразат во рамки на своите културолошки интереси.
-Штетата ќе се надополни, материјалната штета ќе се плати, но нема да се плати мирот на нашите граѓани, слободното движење. Не можете да ги попречувате граѓаните кои сакаат да отидат во театар или галерија, ниту пак да ги уништите мирот и хармонијата, рече министерката за култура.
Во вестите на ТВ Нова, Канческа-Милевска зборуваше и за пристапот на владејачката партија кон културните вредности.
-Огромна е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Истата може да се согледа од неселективниот пристап кон културата. Секогаш сме им давале поддршка на сите уметници, а тоа може да се види низ проектите во изминативе години. Фактите, бројките и аргументите говорат колку е вложено во културата во земјава“, истакна Канческа-Милевска која додаде дека пред да стапи на министерската функција бројот на вработени уметници во земјава бил драстично помал, а во изминативе години бенефитот од вложувањата е огромен.
-Генерациите по нас ќе видат од какво значење биле вложувањата во делот на историјата, културта и уметноста во овој период, додаде таа.Таа зборуваше за штетата предизвикана од протестите на кои беа уништени неколку споменици и фасади во земјава, меѓу кои и Министерството за ку

Пронајдете не на следниве мрежи: