Во семејството на несреќно настраданата Јована Којиќ (19) од Кикинда, која загина со група музичари во сообраќајна незгода, преовладуваат неверување и тага.Многуте роднини и школски другари стојат пред куќата на Јована, со желба да искажат почитување кон неа.
Како што кажуваат тие, со музиката се занимавала од хоби, а била одлична ученичка во Економското школо во Кикинда, се занимавала и со кошарка, тренирала во локалниот кошаркарски клуб околу 6 години.
Нејзиниот вујко, Драгиша Петров, вели дака таа сакала да запише Факултет за безбедност и здравје во работата во Нови Сад, дека долго се подготвувала, а наскоро требала да оди на матурската вечер.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.