Наместо народна музика, слушателите на едно радио „уживале“ во секс перформанс!

Слушателите на радио „Центар” во Крагујевац, наместо народна музика, ноќта помеѓу саботата и неделата биле во можност да следат „секс во живо“.Главната уредничка од радиото тврди дека во студиото немало никој во тоа време, бидејќи целата програма се пуштала преку компјутер.
„И ние сме изненадени од она што се случи, бидејќи во студиото немаме микрофон. Можно е дека некој случајно да се вмешал во нашата фреквенција. А чие точно `уживање` имавме можност да го слушнеме, навистина не знам“, изјави Маја Миливојевиќ, главен и одговорен уредник на Радио „Центар”.
Таксистот Слободан Милојевиќ од Крагујевац, за „Блиц“ изјави дека еротската програма на радиото почнала додека возел патници.
„Сите се собравме и го слушавме целиот перформанс. Сите оние кои беа на вистинската фреквенција, имаа можност околу дваесеттина минути да слушаат секс во живо“, вели таксистот.Главната уредничка од радиото тврди дека во студиото немало никој во тоа време, бидејќи целата програма се пуштала преку компјутер.

Пронајдете не на следниве мрежи: