Наместо прв ден од „животот“ кој го ветуваше претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Министерството за здравство беше извршен обид за убиство врз поранешниот вицепремиер и министер за здравство, Никола Тодоров.Врз него беа испукани два куршуми од страна на 57-годишниот Љ.С. од село Долно Каласлари, Велешко, кој е приведен од страна на полициските службеници.
Ова не е прв пат животот на функционерите и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да биде загрозен. Во средината на мај оваа година, во куќата на родителите на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ беше пронајдена бомба, но екипите на МВР успеаја да ја демонтираат.
Дали ваквите инциденти се резултат на реториката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и неговите најблиски соработници?
Тој во декември минатата година истакна дека „нема ништо страшно ако политичари загинат“.
– Ќе паѓаат рејтинзи, и на владеачки партии и на политичари. И, ќе гинат политичари и ќе заминуваат од политика. Но гинеа нашите дедовци и татковци за оваа наша Македонија, ништо нема трагично ако политичари загинат, изјави Заев во декември минатата година.
Во неколку наврати високи функционери на СДСМ се закануваа со насилства во Македонија, меѓу кои и членот на Извршниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми кој напиша дека „Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува“
Во последниот период бевме и сведоци на црната кампања кон Тодоров која имаше цел да доведе до зголемување на револтот кај некои граѓани.
Во кампањата на СДСМ и медиумите под нивна контрола, Тодоров беше нарекуван „министер за смрт“, а оваа црна кампања изгледа ја исполни целта – на денот на мирниот трансфер на власта дојде до обид за убиство на министерот за здравство кој требаше да изврши примопредавање на министерството.
Дел од полицијата на СДСМ го поддржува обидот за убиство врз Тодоров. Како што пренесува порталот „Журнал“, полицискиот службеник Зоран Блажевски, кој е близок до министерот Оливер Спасовски, пред малку на Фејсбук напишал: „Ич не ми е жал за Нино.“
Врз него беа испукани два куршуми од страна на 57-годишниот Љ.С. од село Долно Каласлари, Велешко, кој е приведен од страна на полициските службени