Стефан Миниќ од Крагуевац, на кој тројца пријатели неодамна му дале кожа обидувајќи се да му го спасат животот, починал во вторникот во Белград. Бил погребан вчера во Крагуевац. Семејството е во шок бидејќи момчето требало вчера да биде пуштено од болница, бидејќи неговата состојба била стабилна.По смртта на Стефан, била побарана обдукција која треба да покаже зошто состојбата се искомплицирала така одеднаш. По повредите на 6 јули, Стефан Миниќ, беше лечен на Клиника за изгореници и пластична хирургија во Белград.
Неговата мајка Мирјана скршена од болка, вчера го испратила синот на последниот пат.
„Се беше добро до минатиот петок. Тогаш ни јавија дека состојбата се ископлицирала за викендот и дека добил температура. Веќе во понеделникот, Стефан беше приклучен на апарати, неговото тело повеќе не можело да функционира самостојно. Следната вест, ден подоцна, беше дека детето ни почина“,изјавила Мирјана.
Неговиот брат Станко треперејќи од болка прозборел само дека Стефан во Болницата бил во изолација, во стерилна просторија, за да не се зарази со нешто кога скоро 40 проценти од кожата му била тешко изгорена.
„Со недели не можевме да влеземе кај него, кога за последен пат го видовме, беше подобро, лицето веќе му зарасна. Колку што знаеме, Стефан починал од сепса, но не можам да тврдам ништо додека не стигнат извештаите од обдукцијата.
Стефан Миниќ на шести јули се обидел да свари кафе на плинска рингла. Што ја запалил запалката огнот букнал бидејќи веројатно плинот течел некое време. Стефан успеал да истрча надвор и да побара помош. Стефан се здобил со тешки изгореници по лицето, рацете, нозете дури и стапалата.
Тројца пријатели на Стефан , неколку дена подоцна, дале кожа за Стефан со надеж дека ќе успеат да го спасат.
Прочитајте повеќе на: Ова е вистинско пријателство: Дарувале кожа за пријателот кој е тешко повреденПо смртта на Стефан, била побарана обдукција која треба да покаже зошто состојбата се искомплицирала така одеднаш. По повредите на 6 јули, Стефан М



