Наместо ракија испил МЕЛЕМ ЗА РЕУМА: Халуцинирал и на крај умрел во маки!

Милош Милуновиќ (60) починал во маки, додека неколку момчиња завршиле во болница со халуцинации откако конзумирале пијалок од aфион,тегавец и трн.Милош Милуновиќ од Мрчаевци наместо ракија, испил мелем за реума и починал во чачанската болница. Милуновиќ умирал во маки бидејќи халуцинирал како последица од тешко труење, а во болница завршиле уште неколку лица кои пробале од мелемот кој бил направен од афион, трн и тегавец.
Соседите велат дека пријателот на Милош, Драган Петровиќ отворил погрешно шише.
„Милош во четвртокот попладне отиде во домот на Петровиќи. Таму со Драган и уште двајца пријатели во дворот пиеше ракија. Кога им снема ракија, домаќинот влезе во домот и изнесе шише за кое мислел дека е ореовка. Испиле се на се една или две чашки ореовка“, вели еден од соседите.
На сите им се слошило
Тој додава дека на соседите набрзо потоа им се слошило.
„Несреќниот Милош имаше најлоши симптоми. Устата му беше сува, халуцинираа, се однесуваа крајно необично, но сите тројца некако отидоа со своите автомобили“, вели соседот.
Истиот ден Милош бил однесен во болница. Домашните помислиле дека има мозочен удар, никој не се посомневал на ракијата. И покрај изненадната смрт на Милуновиќ, никој повторно не се посомневал на ракијата.
Дека со ракијата нешто не е во ред, се открило дури вчера, кога група млади испиле малку од ракијата. Таткото на двете момчиња кои пиеле ракија вели дека на неговиот помлад син му се слошило.

 
Ги врзувале во болница
„Сцената беше морничава, синот халуцинираше, замислуваше дека гледа ридови и животни. Тргна да излезе од прозор, го скрши стаклото и се исече“, вели таткото.
Мелемот од кој Милуновиќ починал го направила мајката на Драган Петровиќ.
„Таа ракија се користи за облоги. Бабата во тоа ставила афион, трн и тегавец“, рекол извор близок на истрагата.
Пливал по детелината бидејќи мислел дека е во Морава!
Според зборовите на мештаните на Мршаевци, еден од пријателите на Милуновиќ откако го испил мелемот со денови не можел да си дојде при себе.
„Се однесуваше многу чудно, правеше хаос низ куќата. Скокаше во детелината и пливаше по неа бидејќи мислеше дека е во Морава. Дури се соблекуваше  гол низ дома и така излегуваше надвор. По жештините гледаше дожд, молњи и громови. Колку ли афион имаше во таа ракија кога луѓето така полудеа од неа“, се прашуваат мештаните на Мрчаевци.Милош Милуновиќ од Мрчаевци наместо ракија, испил мелем за реума и починал во чачанската болница. Милуновиќ умирал во маки бидејќи халуцинирал како

Пронајдете не на следниве мрежи: