Наместо за плати и пензии, првата изјава на Заев е за Зврлевски и како да се спаси од „Поткуп“

Наместо за покачување на платите и пензиите, првата изјава на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев беше директно за забот кој го боли, односно тој побара оставка од Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.-Една од работите заради која не ни чини правосудството е Јавниот Обвинител. Јас се надевам дека можеме почетокот на реформите да го почнеме и го повикувам да си поднесе оставка. Утре ја очекувам неговата оставка, секако како чин кој што знае дека на предлог на влада, Парламентот го разрешува државниот Јавен обвинител и на предлог на влада, Парламентот го избира. Од тој аспект го повикувам да ги убрза процесите и да си поднесе оставка Марко Зврлевски, беше првата изјава на Заев синоќа пред партиското седиште.
Во Јавно Обвинителство се води постапка против Заев за случајот „Поткуп“. Заев е осомничен од ЈОО за „Поткуп“, за што има видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и суд. Таму јасно се гледаат две работи како Заев бара поткуп од струмички бизнисмен, и како кажува дека многу други фирми од општината каде е градоначалник веќе му дале поткуп, чудејќи се како соговорникот бизнисмен не ги знае правилата.
Доколку некој мислеше дека првата изјава ќе биде за покачување на платите или пензиите, субвенции за земјоделците или нешто за загроозените категории на граѓани, очигледно се излажал. Заев го интересира како да се спаси од обвинението за „Поткуп“, а затоа и му се брза со разрешувањето на Зврлевски.

Според обвинението, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 162.924 евра, односно по 2 евра од квадратен метар градежно земјиште во Струмица за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Едната половина, според обвинителството требало да биде за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
-Една од работите заради која не ни чини правосудството е Јавниот Обвинител. Јас се надевам дека можеме почетокот на реформите да го почнеме и го п

Пронајдете не на следниве мрежи: