Намирница по која светот ПОЛУДЕ- и тоа не без причина

Популарните блогери и јутубери кои се занимаваат со  готвење во последно време  воопшто не користат обична сол. Наместо неа, на менито  секојдневно  се наоѓа розевата сол од Хималаите, и тоа не само затоа што изгледа поубаво туку и поради фактот дека има низа здравствени  придобивки  за нашиот организам.Популарната хималајска сол во јадењата има вкус како и обичната но на почетокот стана популарна поради  необичната боја која е совршен додаток во популарните јадења кои секогаш мораат да бидат подготвени за фоткање за Инстаграм. Но, потоа се појавија научните истржувања кои потврдија дека оваа сол  не е залудно популарна.
Имено, оваа сол, чие наоѓалиште се наоѓа во еден рудник во Пакистан, 300км од самите Хималаи, скоро да нема ништо заедничко со солта која сме навикнати да ја користиме. Розевата боја ја добила од дури 84 елементи кои ги содржи, а кои се покажале како совршен сојузник во борбата против многу болести.
„Генерално кујнската сол треба да се стави на минимум бидејќи влијае негативно на организмот, но исто така треба да се има во предвид  дека содржи минерали кои ни се неопходни  и без кои нема живот. Затоа хималајската сол е добар избор, бидејќи е збогатена  со минерали  кои обичната сол ги нема. Секако, како и  со  секоја сол, треба да бидеме умерени“, велат нутриционистите.

За разлика од рафинираната кујнска сол, овој розов додаток во јадењата помага за подобар метаболизам и не ја  зголемува концентрацијата на калиум и натриум во крвта, и со самото тоа не доведува до висок крвен притисок. Солта од Хималаите има единствена молекуларна структура која содржи натриум, калциум, магнезиум, како и  железо кои ни се нопходни  за правилен развој на метаболизмот.
Сепак, важно е да се нагласи дека не се работи за  семожен лек, туку за подобра замена за „белаат смрт“, со која сепак треба внимателно да се ракува. Преголема количина сол во исхраната, па дури и  хималајска, може да доведе до собирање течност во организмот, зголемување на крвниот притисок и дехидрација на организмот.Популарната хималајска сол во јадењата има вкус како и обичната но на почетокот стана популарна поради  необичната боја која е совршен додаток

Пронајдете не на следниве мрежи: