Намирници кои го забавуваат закрепнувањето на организмот

Кога сме болни, многу често знаеме да посегнеме по намирници кои сметаме дека би нѝ помогнале да ја ублажиме настинката, но неретко правиме и грешки во изборот.Еве неколку состојки од нашите омилени намирници кои го отежнуваат закрепнувањето. 
Шеќер
Кога сме настинати, често посегнуваме кон овошните сокови. Цедените овошни сокови се преполни со витамини и минерали кои му се потребни на организмот, но тоа не важи и за куповните сокови кои се преполни со шеќер. Шеќерот го намалува дејството на витамините и со тоа го слабее имунитетот.
Заситени масни киселини
Пржената храна е полна со заситени масни киселини кои го забавуваат дигестивниот систем, што дополнително го забавува метаболизмот и го одложува времето на закрепнување.
Кофеин
Кога сме болни, треба да го зголемиме внесот на течности. Кафето, за жал, не е на списокот на тие течности бидејќи кофеинот како негова главна состојка делува како диуретик, што може да предизвика дехидратација кај веќе ослабениот имунитет.
Киселини
Киселините ја иритираат слузницата што може дополнително да ги влоши симптомите на болеста. Киселите намирници кои би требало да ги избегнувате се киселиот зеленчук и цитрусното овошје. Со тоа што цитрусите се полни со витамини кои нѝ се потребни за време на настинката, исцедете ги и помешајте ги со топол напиток и мед.
Протеини од млечни производи
Иако млечните производи се сметаат за важен елемент во зајакнувањето на имунитетот, тие содржат млечни протеини кои ја зголемуваат природната слуз во организмот, што може дополнително да ја влоши кашлицата.
 Еве неколку состојки од нашите омилени намирници кои го отежнуваат закрепнувањето. 
Шеќер
Ког

Пронајдете не на следниве мрежи: