Шест лица се избодени со нож и шишиња рано изутринава на улица во близина на кампусот на колеџот „Емерсон“ во Бостон, соопшти полицијата, а двајца напаѓачи се во бегство.Бостонската полиција соопшти дека еден од повредените се наоѓа во критична состојба и веднаш е опериран.
Според претставникот на полицијата Бернард О’Рурк, идентификуван е еден од осомничените напаѓачи.
Весникот „Бостон Глоуб“ наведува дека двајцата напаѓачи се и понатаму во бегство, додека според портпарол на полицијата за едно од избодените лица постои сомнеж дека е напаѓач.
Полицијата интервенирала околу два часот и 15 минути по локално време, откако била пријавена тепачка, и наишла на избодени лица.
Во овој кварт од градот се наоѓаат голем број кафулиња и ноќни клубови.
Колеџот „Емерсон“ утрово испрати предупредување до учениците, повикувајќи ги да пријават „секаква сомнителна активност“.Бостонската полиција соопшти дека еден од повредените се наоѓа во критична состојба и веднаш е опериран.
Според претставникот на полицијата