Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ со своето семејство пред два дена пристигна на летен одмор на хрватскиот остров Угљан, но таму имаше непријатни моменти. Тој беше нападнат од неколкумина хрватски хулигани, кои на брутален начин го изразиле своето незадоволство од елиминацијата на Хрватска во осминафиналето на Европското првенство во Франција.Ракитиќ и семејството ја изнајмиле луксузната вила „Марија“ со намера да се одморат и да уживаат малку во убавините на својата земја, но биле нападнати од хрватските хулигани. Тие со камења фрлале кон вилата и ги искршиле прозорците и вратите.
Загрижен за безбедноста на своето семејство, Ракитиќ во експресен рок, за околу половина час, ја напуштил вилата, а потоа и островот Угљан. Задарската полиција излезе на местото на настанот и ќе ги гони виновниците.Ракитиќ и семејството ја изнајмиле луксузната вила „Марија“ со намера да се одморат и да уживаат малку во убавините на својата земја, н