На 22.10.2016 година во 05:45 часот во Велес на ул. „Б. Ѓорев“ кај ГТЦ пред пекарата, по претходно нарушен јавен ред и мир, А.М. (1988) од Велес ги омаловажувал полициските службеници кои биле на местото на настанот.По ова физички нападнал полициски службеник, го потегнал за јакната, а потоа со рака го удрил во пределот на градите. Потоа му се заканил дека ќе го извади пиштолот и ќе испука 10 куршуми во неговата глава.
Од страна на полицискиот службеник бил одбиен нападот и со употреба на физичка сила зафат – полуга на лева рака. А.М. бил соборен на земја, врзан со лисици и доведен во послушна состојба.
При интервенцијата, А.А. (1985) од Велес, кој бил во друштво со А.М., замавнал со нога кон полицискиот службеник за да го спречи да го врзе А.М. со лисици, но од страна на други полициски службеници истиот бил спречен.
Над него било употребено средство за присилба – полуга на двете раце и лисици за врзување.
А.М. и А.А. се лишени од слобода и доведени во полициската станица во Велес за понатамошна постапка.По ова физички нападнал полициски службеник, го потегнал за јакната, а потоа со рака го удрил во пределот на градите. Потоа му се заканил дека ќе г